• Latest

Пред нас е многу жешка пролет

January 23, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пред нас е многу жешка пролет

January 23, 2019 10:46
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервјуто што го направив со Џевдет Хајредини, чии економски и политички анализи се бравурозни, длабоки и остри, тој вели дека нема зошто некоја година да се прогласува за економска година, како што тоа го направи Владата, затоа што таква треба да биде секоја година. Логично. Како што е (уште повеќе) логично секоја година да биде година на човековите права и слободи, еднаквоста, социјалната правда, демократијата.

Џабир Дерала

Добро, можеби Владата мислеше на економски бум, па добро е такво нешто да се одбележи и да се стреми кон тоа. Но, ниту добра економија, ниту економски бум не се можни. Со турбулентна политичка сцена што постојано е на работ на пожар, со корумпирани и/или неспособни функционери, со национализам и повици на оружена пресметка со „предавниците“ од опозицијата – нема економија. Со политички апсурди не може да се очекува економски напредок, не пак бум, особено не за оние што денеска ќе немаат ни за леб.

Погледнете, економијата назадуваше во месеците кога вемерото беше на улица и повикуваше на „долги ножеви“ по изборите во 2016 година. Потоа, го нападна Собранието на „крвавиот четврток“ и се обиде да изведе државен удар. Потоа, започнаа подготовки за локални избори, па и тогаш економијата стоеше. Тешко е да назадува економија кога зад неа има амбис… По локалните избори се забрзаа процесите за надминување на спорот со Грција, што веднаш повлече националистичка кампања, помогната од странски центри. Економијата стоеше и за време на референдумскиот процес и по неа, со уставните измени. Придружена со продлабочување на разликите, со тектонски поместувања во политичкиот распоред на силите, со неказнивост и… лов во матно.

Апетитите на амнестираните не се ограничија само на „покајување“ за злосторничкото дејствување. „Колаборативниот“ дел од Фамилијата мораше да се „подмачка“ со тендери и тендерчиња. Па, така и „портирот“ Мукоски, бате Саше и други батиња и сестрички со сменети капи или само малку накривени на другата страна, се закитија со по некое договорче за своите „професионални“ услуги. А, приказнава ќе биде предолга ако почнеме да зборуваме и за опуштениот однос на функционерите на власта кон јавните пари, се разбира, во спрега со коалиционите партнери и приврзоци.

Има ли шанси за економска благосостојба во куќа со паднат покрив и искршени прозорци, со затнат одвод и лоша инсталација? Ако некогаш напишав дека целата земја чека „Тато да ја смени сијалицата“, сега ред е да се одзатне ве-це шолјата. Пак ли ќе чекаме Тато сам да ја заврши работата?

Предвремени парламентарни може да изгледаат примамлива кратенка до отплеткување на политичкиот јазол. Тоа секако ќе значи удар врз економијата. И за многу помали работи, земјава покажува слабости и драматичен кусок од капацитети (моралот да не го споменуваме) за решенија. Економијата секогаш зависела од политиката, наместо обратно. А социјалната правда е губитник и во двете насоки, без оглед на тоа колку добро работи Министерството за труд и социјална политика, бидејќи едно успешно министерство ни оддалеку не е доволно.

Од една страна, процената е дека треба да се жртвува економскиот напредок, за да се расчистат тешките магли паднати врз системот – со избори. Од друга страна, сериозно прашање е дали на Македонија ѝ треба уште еден тежок политички стрес како што се вонредните парламентарни избори. Ова особено важи ако знаеме дека системот е крајно разнишан и со премногу недостатоци за кои нема време да се донесат функционални решенија (пишував и ќе пишувам пак за тоа). Уште повеќе, ако знаеме дека „некои сили од надвор“ ќе бидат силно заинтересирани распоредот на силите да се промени во нивна полза или барем да продолжи бескрајната неизвесност и несигурност. Невозможно е да се направи добра проценка. Едноставно, која коцка и да се фрли, ќе падне на бош.

Навистина, премиерот се наоѓа во ужасно комплициран лавиринт од интереси и влијанија, читај: уцени и притисоци. Ѕидовите на тој лавиринт постојано се поместуваат, цело време криејќи го излезот со нови препреки и опасности. Без оглед на тоа дали ќе падне решение за предвремени парламентарни избори или не, крајно време е премиерот да направи неколку решителни чекори. Како што рече во интервјуто од пред неколку дена, доаѓа период кога ќе очекува повеќе работа и подобри резултати од министрите и градоначалниците. Мислам дека тоа подразбира и не мала бројка значајни разрешувања по целата вертикала. Ќе има што да се види во наредните неколку недели.

И, бидете сигурни, нѐ очекува навистина многу жешка пролет.

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Илустрација: Darwin Leon – “Chaos After The News”
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Share88TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ