„Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, а тоа очигледно е дека брзо ќе се случи, ќе го отвориме прашањето за легитимноста на Договорот од Преспа. Никогаш нема да се согласиме со капитулантската политика на СДСМ и на Зоран Заев. Ќе работиме на поништување на договорот со Грција и на уставните амандмани. Овој договор е потпишан без согласност на граѓаните на Република Македонија, референдумот за промена на името беше неуспешен, а Договорот од Преспа е објавен во Службен весник без потпис на претседателот на државата“, велат членови на ова крило кои засега сакаат да останат анонимни.
Тие велат дека знаат дека и дел од власта не е задоволeн со ваквото решение, дека дури и директните актери на договорот не среќни со ова затоа што им е јасно дека ова значи и крај на нивните политички кариери. На пример, Зоран Заев, велат овие опозиционери.
„Неофицијално, мислиме дека се чека членството во НАТО, по што ќе се работи на изнаоѓање на правни постапки за поништување на спогодбата, за вето во Советот на безбедност со помош на Русија и Кина. Во оваа активност заеднички ќе учествуваат и опозицијата и дел од сегашната власт“, велат членови на ова крило во ВМРО-ДПМНЕ.
М. И.