Министерот за комуникации и отчетност, Роберт Поповски на денешната прес -конференција информираше за исплатените средства со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година. На 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари, а одбиени се две барања на списанието „Порта 3“и на Културното здружение „Визиони М Шења“, порди неисполнување на критериумите.
На „Нова Македонија“ и се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат“ , 14.277.742 денара, „Битолски весник“ – 244.500 денари, „Заман“ 903.092 денара, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал“ 2.115.614 дебнари, „Коха“ – 4.932.157 денари, „Вечер“ – 7.255.047 денари, „Лајм“ – 1.043.912 денари, „Фокус“ – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис„ – 701.105 денари.
Комисијата за оценка на критериумите утврдила дека „Порта 3“, специјализирано списание за градежништво, архитектура и екологија, не го исполнило основниот услов – печатениот медиуми да е од општ информативен карактер и да е насочен кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања. Што се однесува до „Визиони М Шења“во барањето немале изјава дека под морална, материјална и кривична одговорност гарантираат за точноста и веродостојноста на наведените податоци и потврда оти со правосилна пресуда не им е изречена прекршочна санкција.
Програмата, како што кажа Поповски, беше подготвна на иницијатива на новинарите и нивните организации, а критериумите за распределба се утврдени во соработка со Здружението на печатени медиуми. За следната распределба годинава, со одвоени 50 милиони евра, ќе бидат допрецизирани критериумите.
Б. Ј.