• Latest

Па, кај ви одат парите бе, бели мантили?!

January 29, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Па, кај ви одат парите бе, бели мантили?!

January 29, 2019 10:14
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред сите македонски „народни“ приказни да продолжат, убави и неубави, успешни и неуспешни, политички и криминални, простачки и помалку простачки, мора сите да застанат за миг и да дадат одговор за ужасната состојба во која се наоѓа здравството. Без камери, без убаво и убедливо напишани соопштенија и изјави, без оправдувања. Бидејќи, не постои оправдување!

Џабир Дерала

Најтешката болест од која боледуваме е здравствениот систем. И тоа малку луѓе што останаа во земјава ќе исцркаат од вакво здравство.

Зарем Тамара не беше доволна лекција за сите? Отиде едно девојче, ангелче, протестиравме, извикувавме слогани, баравме оставки, морална, политичка и законска одговорност. Баравме затвор за одговорните во системот што убива деца. Колку деца умреа од тогаш, пред воопшто и да дознаат што се животот и смртта? Има ли вистинска, нефризирана статистика за тоа колку деца нема го доживеат крајот на оваа година? Има ли истражување за тоа колку од нив нема да ја доживеат 30-та година од животот?

Зарем толку е тешко да се најде човек, искрен и директен, без претходно подготвена изјава и презентација на големите екрани, без меури од ветувања за подобрување на стандардите, да ги признае ужасите на здравството? Човек. Таков човек, доволно одговорен, сам да излезе пред камерите, искрено и со чисто срце да ги признае сите грешки, и претходните и сегашните, грешките на министрите, нивните помошници, директори на фондови, доктори, секретарки, трговци… Да каже, секоја чест на исклучоците, за никаде сме, не треба да ни верувате.

Ни го скратува животот секоја и најмала настинка на децата, затоа што не знаеме дали и каква помош ќе добиеме од оваа бестија од здравство. Неприфатливо е во денешно време човек да се мисли дали да го вакцинира детето, не затоа што постои некаков квази идеолошки отпор кон вакцинирањето (тоа е посебна приказна), туку затоа што се лаже за вакцините, безочно се лаже! Па, ајде, со лични примери, божемски… Па не успеала лошо скроената агитаторска операција, па „пу-пу не важи, тоа беше само несмасен пи-ар, ама вакцинирањето е безбедно“. Што би рекол Кили: „Ма дај, не ме…!“

Ајде, ако немаме здравствена култура (а како би ја имале?!) за нас самите, за децата секако имаме. И очекуваме, за парите што ни ги одбиваат од даноци и придонеси, да видиме грижа за здравјето барем на децата. Но, не видовме ниеден, макар и најмал обид да се биде искрен, сите овие години и децении. Трговци, купци и накупци со здравјето и животот на луѓето нѐ направија понизни и исплашени пред секој бел или плав мантил. Мислевме дека тоа време помина.

Мислевме дека нема веќе да се плашиме. Но, се плашиме. Се плашиме за децата. Не можам веќе да издржам, не знам што да им кажам на сите родители што ми пишуваат за нивните неволји и стравот за здравјето, свое, на блиските, на децата… За трагичните последици од нехуман систем. За понижувањата низ кои мораат да поминат само за да добијат трошка внимание од здравствениот систем кој не мрдна од мртва точка или, подобро, од точката на смртта. Мислевме дека Министерот за Смрт, ТодорОф, е минато. Но, не е. Мислевме дека „стотче“ за едно породување во Државна е минато, но не е.

Ало! Мислевме дека ќе мрднете со прст, ама мрднавте со сите краци на октоподот!

Болниците ви се куќи на ужасот. Ретки ви се луѓето со насмевка и човечка топлина. Овде-онде ќе скрпите и некоја блескава врата што води кон добро осветлен ходник, со супер изглед, тивко зуење на модерни апарати. Ама, знајте, одговорот на тоа е: „Значи можело, мајката стопанкина!“. башка за недостапноста, ако воопшто помислиме дека тоа ќе биде бесплатно.

Мој термин не функционира, инсулин има, па нема, за сѐ побројните болни од рак има, па нема терапија, се случува и шприц за инјекција да снема, лекови нема, позитивната листа се исцрпува за пет дена, па пак се наплаќа, како да е 100% приватно здравството… Имам за набројување уште десет страници и веројатно нема да ја завршам листата.

Најдобро ви функционира системот на наплата на паркингот во Државна. Па, кај ви одат парите бе, бели мантили?! Бесплатно е ова, бесплатно е она, ама на крајот наплаќате во крв и живот! Доста е!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Print Friendly, PDF & Email
Share184Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ