• Latest

Темпирана бомба

January 30, 2019

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Темпирана бомба

January 30, 2019 11:06
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Робовите на дневната партиско политичка згура треба веднаш да престанат со читање на ова писание. Ова што денеска го споделувам со вас може да биде само едно мало делче од предговор на една долга и тревожна книга за грдиот образовен систем што го убива македонското општество на долги патеки. Ако здравството убива на (по)кратки патеки, ваквото образование убива на долги патеки.

Џабир Дерала

Додека се занимаваме (или слегнуваме со рамениците) со евтините трикови на вемеро за добивање политички поени со ултра краток век однапред осудени на неуспех… Додека се смееме на вицот на Мали Ѓокица Мицкоски и неговата спремност да биде премиер… И не можеме да се изначудиме на скандалот со грабежот на пензискиот фонд и горчливо се прашуваме: „А кој фонд не е ограбен?“… Нашите деца минуваат по една третина од денот заробени во систем што е подеднакво разурнат и штетен како здравствениот.

Што се случува со нашите деца додека се на училиште? Прашање што е толку тревожно, што сигурно повеќето од нас, само се стресуваат од морници и продолжуваат немоќно низ секојдневието. Се разбира, подеднакво тревожно е прашањето какви сме ние и какви деца испраќаме од дома на училиште? Поврзани садови во кои има отрови што дејствуваат бавно, но погубно.

Што ни дава системот на образование што го храниме со нашите придонеси, даноци, казни и други давачки? Ни дава идни (не)писмени млади луѓе. Повеќето од нив веќе сега се гледаат во странство и ништо друго. Најголем дел од нив се задоени со национализам и немаат никаков проблем да прифатат дека живеат во општество во кое дискриминацијата по сите основи е нормална. Вредностите, моралот, етиката, инаку дел од воспитната димензија на образованието, одамна исчезнаа.

Училиштата се места каде што се учи дека посилниот и побогатиот се подобри од послабиот и посиромашниот. Училиштето е место каде што различноста е клетва. Послушноста е алатка да се помине полесно во животот. Ги знаат сите светци наизуст, а немаат поим за основни работи што им се потребни да станат свесни и совесни граѓанки и граѓани.

Бесплатно е образованието, но затоа нема основни услови за одвивање на наставата. Родителите купуваат тоалетна хартија, на пример. Да е само тоа, супер ќе биде, ама погледнете го списокот на трошоци за „бесплатното“ образование на децата. Бесплатно е дека парите паѓаат од небо, од милозливите коалициско-консензуални партнери Бог и Алах и помали „партнери“.

Учат во етнички поделени училишта. Сегрегирани, задоени со омраза кон „другите“ уште од мали нозе, пасивизирани во училница, ѕверови надвор од неа. Имаат учебници што се преполни со тешки глупости, погрешни информации, пропаганда и штетни пораки. За некои стручни предмети и немаат учебници, па наставниците мораат да диктираат како во Средниот век. Министерството за образование (имаме и такво нешто, замислете), деновиве дојде до „ингениозно“ решение – да ги симнат од интернет. Значи, ги има или ги нема тие учебници?

Ни збор за ревизија на сите учебници, а да не зборувам за ревизија на целиот образовен систем. Сите зборуваат за трите услови според Преспанскиот договор, за картите на Голема Македонија, иредентизмот и античко грчките симболи. Но, никој не проговори за очајниот квалитет на учебниците во целина, за остатоците од родовата дискриминација во програмите, за националистичко-шовинистичката природа на образовната материја, за погрешните факти, за неоправданото оптоварување на децата со непотребни инфомации…

За тендерите за учебници, ич да не зборуваме.

Никој веќе не зборува ни за партизацијата на образовниот кадар, за клиентелизмот и непотизмот при вработувањето. Никој не зборува дека состојбата на образованието е таква каква што беше во ерата на љубовта меѓу вемеро и ДУИ… Како да нема смена на власта. Како диктатурата на Грујо Серекеш да не е завршена.

При сето тоа… Наставниците се претрупани со бирократски обврски, небаре записничари, а не луѓе што треба да ги образуваат (оформуваат!) младите генерации. Платите им се смешно ниски, а пет отсто покачувањето што го добија е само мачкање очи за наивни.

Ова и вакво образование е темпирана бомба. Тие што се родени и пораснати во македонскиот образовен систем ќе гласаат за оние што ќе ја одржуваат политичката корупција и моралната ерозија. Ќе бидат лесен плен на пропагандата и нема да се колебаат да се пресметаат со неистомислениците со безумно насилство. Ќе го поддржуваат насилничкиот грабеж и ќе се трудат да бидат на страната на посилниот, а не на страната на правдата. Ќе се крстат или ќе се клањаат, мислејќи дека тоа е побожност.

Финска има најдобар образовен систем што се заснова на еднаквост како принцип, програма за едукација на наставен кадар што е заснована на наука и – одлично платен наставен кадар. Од таквото образование, финската економија доживеа бум. Да ви пишува уште за ова? Не, така ептен ќе се дотепам себеси, а и вас. Наместо тоа, ви посакувам пријатен училишен ден. Посветете малку повеќе внимание на своите деца кога ќе се вратат од училиште. Деконтаминирајте ги. Но, прво почнете со вас самите.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Фотографија во прилог на текстот: сцена од филмот “The Wall”.

Print Friendly, PDF & Email
Share166Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ