• Latest

„Бомбите“ влегуваат во историја според мислењето на Врховниот суд

January 31, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Бомбите“ влегуваат во историја според мислењето на Врховниот суд

January 31, 2019 11:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Бомбите“ остануваат неискористено докази ако се уважи правното мислење на Врховниот суд дека СЈО не може да покренува нови обвиненија по истекот на законскиот рок од 18 месеци.

Тоа подразбира дека СЈО може да води истраги за покренати постапки до 30 јуни 2017 година. Правното мислење на Врховниот суд го враќа предметот „Монструм“ кој СЈО го презеде од Јавното обвинителство,повторно во ЈО. Одлуката на Врховниот суд имплицира дека неважечки стануваат и сите нови обиненија на СЈО за предметите „Империја“, „Пациент“, „Моќник“, „Хармонија“, „Друмарина“, „Рентген“, „Актор“ и „Талир“.

„Талир“ како предмет за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за незаконска изградба на партиското седиште, во кој се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска ќе предизвика проблеми на веќе донесени одлуки во судот. Чингаровска веќе ја призна винатата и доби две години условна казна. Според правното мислење на Врховниот суд, оваа обвинение илзегува дека е неважечко.

Со оглед дека ваквата одлука е донесена без дискусија, по иницијатива на Боро Тасевски и Еленко Миланов, двајцата адвокати на обвинети и осомничени во предметите на СЈО, што го остава СЈО нефункционално.

Или, како што објасни Сашо Орданоски во денешната колумна „СЈО на колена!“ (објавена на ЦИВИЛ Медиа) оваа одлука на Врховниот суд без дискусија не е донесена без претходен политички договор.

„Таквата одлука на Врховен е постигната во „содејство“ меѓу Заев, Ахмети и одредени фракции и поединци во ВМРО-ДПМНЕ (не и Мицкоски) кои имаат сложени тековни односи со овдешниот обид за воспоставување правна држава. Оваа одлука на Врховниот суд е еден од последните потези во низа со кои СЈО се фрла на колена – со две третини од обвинителското портфолио кое сега ќе стане бесмислено – за да се оствари здружениот проект за амнестирање на цела една криминална структура од бившиот режим на Груевски која учествуваше во овозможувањето на процесот за зачленување на Македонија во НАТО“, објаснува Орданоски.

Што се однесува до „бомбите“, дури и предметите да се вратат во ЈО, обвинителството нема да може да ги користи како докази туку ќе треба да се потпира на други приложеи доказни материјали. СЈО се соочува, исто така, со дилемата коа ќе завршат случаите што уште се под нивна ингеренција, со оглед на амнестираните обвинети од претседателот Ѓорѓе Иванов. И покрај тоа што оваа одлука е повлечена, таа е уште важечка бидејќи никаде не е верификувана како незакоонски акт.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ