• Latest

Етничка битка за претседател

January 31, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Етничка битка за претседател

January 31, 2019 12:39
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Белокосиот лидер на ДУИ, командант Ахмети, пресече… Во доцните вечерни часови, во седиштето во Мала Речица, партијата „едногласно“ донесе решение да ги напушти разговорите за консензуален претседателски кандидат, што и да значи (или значеше) тоа.

Џабир Дерала

Ова сега личи на создавање „перфектни“ услови за предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските во мај. Кому му одговара тоа? Кому помалку, кому повеќе, но на Македонија сигурно не.

Ова е отворен притисок врз Зоран Заев. Доаѓа во време кога СЈО, чија судбина е сѐ понеизвесна, истрча на теренот со истрага за Бујар Османи. Тоа е функционерот што беше министер за здравство во владата на Груевски, а кого Заев го постави на самиот врв од копјето во преговорите со Европска унија. Ова е време кога ДУИ ја тресат скандали, што и не е некоја новост, а тоа секако важи и за владејачката СДСМ.

Ахмети, очигледно, бара повеќе.

Дали зад оваа одлука на Ахмети и неговата партија се крие непрекинатата соработка со ВМРО-ДПМНЕ, многу брзо ќе стане јасно. Ослабувањето на владината коалиција со ваквите потези во стратешки важен период за Македонија, може лесно да се протолкува и така. Ова се случува во денови кога Даниелсон, Курц и редица ЕУ фаци говорат дека вонредни парламентарни избори се надвор од логиката.

Не одговори Ахмети на повиците, ниту од СДСМ, ниту од другите албански политички партии кои се неговите предлози за претседателски кандидат. Тој, како и во студените зимски денови по изборите во 2016 година, кога се „фемкаше“ околу опциите за коалицирање, така и сега „мудро“ тактизира и „разгледува различни опции“. Се разбира, се чувствува најкомотен во етничкиот атар. Што е, да се разбереме, само негова добро проверена алатка за задржување на позициите на моќ. И пари (тендери)…

Заев направи многу за Ахмети, откако тој, под притисок на сопственото членство, но и пошироката домашна и меѓународна јавност, донесе одлука да влезе во владина коалиција со СДСМ. Сакајќи или не сакајќи, Заев му се оддолжи со безброј конкретни постапки и изрази на добра волја. Му помогна на локалните избори, му даде министерски, заменички, директорски места, вработувања… Накратко, му ја врати моќта што самите гласачи Албанци му ја одзедоа со тоа што гласаа за СДСМ или за други партии, преполовувајќи му го бројот на пратеници во парламентот.

И консензус… Што значи тоа? Веќе се читавме околу ова во ноември минатата година и многу пати порано. Консензуален кандидат на партиите, во реалноста значи сервирање на ограничен избор (без избор) на гласачите, партиите да мислат (како и секогаш) наместо гласачите. Ќе повторам: Постојано сме соочени со ароганцијата на политичките елити кои постојано ни докажуваат дека политичките партии го окупираат општеството, сиот простор во кој граѓанките и граѓаните можат да бидат дел од политичката култура и процесите на донесувањето одлуки.

Ако ние градиме општество во кое етничките (националистички) партии како ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и други треба да прифаќаат или одбиваат кандидати за државни функции по етнички клуч, тоа ни оддалеку не значи дека етничките проблеми се надминуваат. Тоа само ни ги загорчува животите на сите. Само привремено и вештачки се замрзнуваат поделбите. Потоа, во првата наредна прилика, особено кога тоа им одговара на политичарите, омразата се одмрзнува за да им служи на тесните интереси на моќниците.

На крајот, испаѓа дека сево ова е скапо платена операција за одмерување на силите по етно-партиска линија. По сите декларации за градење едно општество за сите, за граѓански карактер на општеството, сепак, добиваме етничка политичка битка за претседател. Откако ќе се заврши оваа лакрдија и откако ќе се измерат политичките мускули, ќе прејде во дополнителни пазарења за позиции и пари. Сѐ започнува и сѐ завршува со пари и моќ. А поделбите и тензиите ќе останат или ќе се продлабочат. На здравје.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share84TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ