• Latest

Денацификација на Македонија

February 5, 2019

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Денацификација на Македонија

February 5, 2019 10:36
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Големо новинарско откритие! Пронајдени се магнети со ликови на Хитлер, Мусолини и други симболи на нацизмот и фашизмот! Каде тоа? На едно супер тајно место – тезга на влезот во Старата Чаршија. Медиумите ги објавија големите вистини и факти за продажбата на магнети со озлогласените симболи. Откритие за Пулицер, нема што.

Џабир Дерала

Да се разбереме. Да се продаваат симболи на нацизмот во близина на Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје е, најблаго речено, дрскост и неписменост. И мора веднаш да се тргнат од таму, тоа сигурно. И од тезгите било каде мора да се тргнат. Продавачите сведочат дека магнетите со злогласните симболи најдобро се продаваат. Оваа информација беше само еден дел од една презентација на неодамнешната конференција “Борба против антисемитизмот и искуствата од Холокаустот”, настан на кој се појавија малку медиуми.

Текстот објавен во онлајн изданието на “Независен весник” е најмалку три пати помал од портретот на Хитлер. Треба убаво да го видите секој дел од лицето на тој тиранин, за да дојдете до информацијата. Мошне “информативно, професионално и неутрално”. Слично постапија и други новинарски Магелани што, практично, ја изрекламираа оваа црна меморабилија. Сѐ си кажаа, каде може да се најде, што сѐ има на тезгите, дека најдобро се продава. Само фалеше да се додаде “Не се пропушта!” и сторијата ќе беше комплетна.

За среќа, имавме можност прилогот на ТВ Телма каде што магнетите ги зема како повод да подготви навистина информативен прилог, со одлични соговорници и нагласување на историски факти за нацизмот и неонацизмот.

Каде е коренот на проблемот? Во една прилика, за време на криминалното владеење на Груевски бев запрашан зошто во Македонија нема екстремни неофашистички структури. Мојот одговор беше дека, прво, не е точно дека ги нема, а уште поважно, тие не можат да дојдат до израз, затоа што самата државна политика го поттикнува и негува етнонационалистичкиот и неофашизмот преку своите дискриминаторски и авторитарни практики.

Македонското општество има итна потреба од денацификација. Во културата, во образованието, во јавниот дискурс… Секаде се вткаени, на суптилен и не толку суптилен начин, пораки и идеологии што се многу слични или дури и се совпаѓаат со најмрачните идеологии во светот. Претседателот на државата и владата на Груевски своевремено беа спонзори на хулигански групи со изразени неонацистички постапки и иконографија. Ним им „парираа“ исти такви, само од другата страна на етничките барикади.

Националистите во Македонија одамна ги поминаа границите на претерана „љубов“ кон сопствениот етнос и сосема отворено ја негуваат исклучивоста и омразата кон поинаквите, на етничка и верска, но и врз основа на други социјални карактеристики, припадности и афилијации. Не е важно дали тоа ќе го наречеме фашизам, нацизам или некако поинаку. Во крајна линија – исто е.

Мора да ѝ се погледне на вистината в очи. Ако овде, дома, се легитимира неонацистичкиот карактер на политички иницијативи, групи, па и партии, тоа ќе стане дел од вообичаениот општествен дискурс.

Продавачот на магнети не е ништо поинаков од повеќето медиуми што се слепи, намерно или ненамерно, за крајно деструктивните тенденции во општеството. Во потрага по кликови, не се колебаат да им дадат видливост на промоторите на омразата и насилството, еднострано, без анализа, без навлегување во суштината, мотивите и позадината. Во потрага по видливост и популарност, медиумите ја промовираат турбо-фолк културата, националистичкиот кич, предрасудите од секаков вид…

И уште полошо. Во име на „дијалогот“, медиумите им даваат видливост и легитимност на ликови што во нормално демократско и медиумско опкружување би биле фрлени на буниште, би биле оставени на маргините, каде што им е и местото. Кај нас, тие се дел од ТВ дебати, а потоа и дел од политички преговори на највисоко ниво. А потоа, се прават компромиси со нив кога се креираат културните и образовните политики. Се кокетира со нивните поддржувачи, се апстинира од јасна осуда, а да не зборуваме за отсуство на законски прогон.

Тоа не е антифашистичка борба, камаради!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ