„Смешно и трагично е ако ви кажам дека ниеден документ по протокол нема доставено Џез фест, а го молеа. Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата. Но за сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена“ – изјави премиерот Зоран Заев за ТВ24 вечерва.
Скопскиот џез фестивал постои 37 години, а оваа година Министерството за култура одби да ја поддржи оваа манифестација на конкурсот за проекти од областа на културата кој предизвика бурни реакции и критики. Оливер Белопета, основоположникот на Скопскиот џез фестивал, остро му реплицираше на премиерот преку својот Фејсбук профил:
Морам да реагирам на зборовите на господинот Зоран Заев вечерва на ТВ24.
Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по сѐ“.
Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставуван кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината.