• Latest

И студентите се приклучија на граѓанскиот протест во Белград

February 10, 2019

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И студентите се приклучија на граѓанскиот протест во Белград

February 10, 2019 10:39
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пред Филозофскиот факултет во Белград синоќа започна десетиот протест „Еден од пет милиони-почнато е“. На почетокот на протестот говореше писателот Марко Видојковиќ, по што колона на граѓани ја започна протестната прошетка по веќе познатата маршута низ централните белградски улици, до зградата на Радио телевизија Србија (РТС) каде беше изведен перфоманс и Теразија каде беше одржан завршен говор.

На протестот се придружија студентите од Факултетот за политички науки, Факултетот за организациски науки,Сообраќајниот и Фармацевтскиот факултет, Електротехничкиот факултет, Високата школа за електротехниката и информатиката и од Правниот факултет, кои под паролата “Разбудете се студенти-Еден од пет милиони” организирано дојдоа на протестот од студентскиот дом „4 април“ на Вождовец.

Како што најавија организаторите, повеќе од 700 професори, доценти, асисенти и стручни соработници од сите универзитетски факултети во Србија потпишаа петиција за поддршка на граѓанските протести. По изјавата на српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ, дека тие не претставуваат веродостојна моќ со зборовите: “Па, тоа е малку бре. Немате тука сериозни имиња“, уште 300 професори и универзитетски кадар во Србија, како и адвокати и културни работници потпишаа поддршка за протестите.

Првиот протест против насилството насловен “Стоп на крвавите кошули” се одржа во Крушевац на 30 ноември 2018 година, поради напад на еден од лидерите на Сојузот за Србија Борко Стефановиќ и уште двајца други активисти во градот.

Од 8-ми декември протестите се организираат секоја сабота во Белград.

На почетокот од организирањето на протестите, граѓаните побараа власта да престане со насилството врз неистомислениците и да се пронајдат лицата одговорни за нападот врз Борко Стефановиќ.

Барањата потоа се дополнуваа, побарана е оставка од министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ и генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ. Од РТС побарано е за протестите да посвети пет минути во информативните програми, како и наоѓање на организаторите на убиството на Оливер Ивановиќ и нападите врз новинарот Милан Јовановиќ.

Главното барање на протестите е оставка на Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на владејачката Српска напредна партија, како и слободни и фер избори. Граѓаните упатија повик за постигнување на договор и барање до опозицијата да изнесе конкретен план за промена на системот на владеење во Србија.

Пред три дена, српската опозиција, одговарајќи на повикот на организаторите на протестите “1 од 5 милиони”, го усвои текстот на Договорот со народот од седум точки, како предлог на збир на мерки за обезбедување на правични избори и враќање на демократските принципи и владеење на правото по победата над режимот на Александар Вучиќ.

Опозицијата, исто така, се обврза дека ќе ги бојкотира изборите, а кога ќе се воспостават услови за слободни избори, ќе работат на формирање на една заедничка листа, на која покрај партиските кандидати, ќе бидат и претставници на синдикатите, професионални и граѓански здруженија, студенти, професори, академици и јавни личности.

Тие најавија и дека по изборите ќе биде формирана експертска Влада која ќе има рок од една година да воведе дефинирани системски мерки, по што ќе бидат распишани слободни избори.

Во текот на изминатите десет недели, граѓанските протести од Белград се проширија на повеќе од 40 градови во Србија. Меѓу другите, тие се одржуваат во Нови Сад, Ниш, Крушевац, Чачак, Смедерево, Шабац, Суботица, Ужице, Врање, Зајечар, Вршац Куршумлија и на Косово.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ