• Latest

Благоја Марковски: Македонија не е цел на ИСИС, а повратниците се опасни само ако не се ресоцијализираат

February 20, 2019

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026
Илустрација: ChatGPT / OpenAI, по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА.

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и вклучи глобален аларм

July 31, 2026

Пратениците прашуваа во Собранието, денес прашуваат граѓаните: Која е вашата порака до политичарите?

July 31, 2026

Ванчо Орданоски за инцидентот со Anthropic: Прашањето веќе не е дали ВИ може да хакира, туку кој ја контролира – државите одамна ја користат за сајбер-операции

July 31, 2026
Фото: Wikimedia commons

Подгорица ја усогласи визната политика со ЕУ, Русија предупредува на последици

July 31, 2026
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Нова иницијатива за Газа: Трамп најавува договор, но Израел и Хамас со спротивставени позиции

July 31, 2026
ЌЕ ЈА БИДЕ ЛИ? Ни треба реална проценка, а не „видовити“ политички прогнози

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

July 30, 2026

ЦИВИЛ бара деполитизација на кризата со водата и обединување во заштитата на здравјето

July 30, 2026

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Благоја Марковски: Македонија не е цел на ИСИС, а повратниците се опасни само ако не се ресоцијализираат

February 20, 2019 16:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Игор К. Илиевски

Македонија не е примарна цел на напад на Исламската држава, а МВР постапувало превентивно – ниту имало организиран обид за терористичка акција, ниту конкретна акција, смета пензионираниот полковник Благоја Марковски, доктор на воено-политички науки и безбедносен аналитичар.

„По размена на информации со амбасадата на САД, МВР, нормално, реагираше и можеме од денешен аспект, без оглед на тоа што, за жал, немаме доволно информации што точно направи МВР, сепак можеме да констатираме дека во овој момент во Македонија не постои опасност по безбедноста, особено не од организиран терористички напад“ – оценува Марковски, кој е претседател на Балканскиот форум за безбедност.

„Повратниците од редовите на Исламската држава на Ирак и Сирија, сепак, се чувствително прашање во Македонија“ – смета Марковски.

„Имавме 156 евидентирани граѓани кои учествуваа во борбени дејства во Ирак и Сирија, 83 од нив се вратија назад и се наоѓаат во Македонија, 23-ца се веќе осудени за учество во туѓи војски според Кривичниот законик, и, за жал, 35 ги загубија животите на овие боишта“ – наведува Марковски.

Поранешните борци имаат релации со нивните поранешни водачи и, доколку државата не преземе мерки, би можеле да бидат организирани на територијата на своето место на живеење и да преземат терористички дејства како поединци или во помали групи.

„Сите информации со кои располагаме одат кон тоа дека овие луѓе не биле на какви било командни должности во борбените дејства, туку ги извршувале наредбите од командантите во единиците во таканаречената Исламска држава. Меѓутоа, можно е да се организира хиерархиски да се постават главни кои ќе раководат со групите кои се вратиле назад во Македонија и од тој аспект може да се очекува, доколку се препушти ситуацијата сама на себе и доколку благовремено не се реагира, тие да добијат една паравоена структура со изградена хиерархиска контура за подготовки и реализација на терористички дејства“ – оценува Марковски.

Евентуалните напади би биле од мал размер, насочени кон „меки“ цели и не би биле посериозна опасност за државата.

„Би биле насочени кон „меки“ цели, во ситуации каде што имаме поголем собир на граѓани, како што се културни манифестации, спортски манифестации, трговски центри итн. Основна цел би им била создавање страв и паника кај населението“ – вели пензионираниот полковник.

Тој нагласува дека членството на Македонија во НАТО во ваква ситуација не е ризик, туку предност.

„Со создавањето можности за размена на доверливи информации со другите членки на НАТО ќе се создадат многу подобри услови за благовремена превенција на какви било дејства, па и на терористички“ – вели Марковски.

Но, нагласува тој, повратниците претставуваат опасност само ако не се преземат мерки за нивна ресоцијализација.

„Не само репресивната мерка која следува според Кривичниот законик, туку и редица на мерки и активности во смисла на нивна ресоцијализација, нивно повторно враќање во општеството и ослободување од стегите на таа идеологија со кои се здобиле. Во таа смисла, МВР, Министерството за труд и социјална политика, другите државни структури апсолутно треба да посветат внимание и согласно со Стратегијата за борба против тероризмот и лани донесената Стратегија за борба против радикализмот треба да реагираат и постојано да ги реализираат мерките и активностите кои ќе водат кон нивна ресоцијализација“ – заклучува Марковски.

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ