Еден од петмината осомничени како организатори на нападот врз Собранието на 27 април 2017 година, Трајко Вељановски, поранешен председател на Собранието, го напушти судот благодарение на пратеничкиот имунитет. На излегување, тој даде кратка изјава за медиумите за кои изјави дека по 10 години претседавање со Собранието, денешното обвинение е срамно.
„По дифолт, секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание и јас да бидам организатор?” – рече осомничениот ексспикер Вељаноски.
Тој спаѓа во групата која не може да биде амнестирана. Процедурално, за да се спроведе барањето на обвинителката Вилма Русковска за негов притвор, колегите треба да му го одземат пратеничкиот имунитет.
Судот Скопје 1 треба да побара од Собранието гласање на одлука за одземање на имунитетот на Вељановски, но седница прво треба да свика Комисијата за мандатни и имунитетни прашања, со која претседава пратеникот Павле Богоевски. Откако мнозинството на членовите од Комисијата ќе изгласаат таква одлука, Богоевски треба да му предложи на Собранието да се гласа одлука за одземање на имунитет на пратеникот Трајко Вењановски на пленарна седница.
А. Зеќири