• Latest

Покер на соблекување

February 25, 2019

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025

Реакции: Банките нетранспарентни и нефлексибилни; Најголеми лихвари заштитени со закон

May 13, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Не е сѐ политика: Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

May 13, 2025
Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025
фото: РЕК

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Покер на соблекување

February 25, 2019 10:18
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

И како после човек да им верува на политичарите? Оваа неколкудневна шарада со постапката на одземање на имунитетот на Трајко Велјаноски, уште еднаш покажа дека политичарите се или неспособни да истераат една релативно едноставна процедура во Собранието или се една збирштина од не баш препредени измамници. Мора да се согласиме дека и оваа партија покер се играше на многу несмасен начин.

Џабир Дерала

Навидум преполна со пресврти и неизвесност, играта сега изгледа како да беше однапред наместена. Без оглед на тоа дали сѐ беше само лош театар или навистина постоеше искрена желба да се истера процедурата според законот, резултатот е ист. На крајот, не е ни важно дали имунитетот на Трајко преживеа или не. И онака премногу криминалци избегаа од земјава, почнувајќи од главниот кој си доби и експресен азил во Орбанистан. Останува грдата слика за македонските политичари, оние најважните, според Уставот, што ги носат законите и се директни претставници на граѓанките и граѓаните.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидува да ги попречува сите процедури, да ги кочи сите процеси. Јасно е дека нема да дозволи уште еден „нивен“ да изгуби имунитет, бидејќи, нели, „т“ немаат од тероризам и „к“ од криминал. Јасно е дека ДУИ е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ со папочна врвца. И јасно е дека СДСМ нема доволно енергија, а по сѐ изгледа, ни волја да ги води процесите во Собранието, онака како што се очекува од една владејачка партија. Наместо тоа, гледаме само лоши и несмасни потези, голема врева за бадијала… Евтина забава за публика што сѐ поретко ја посетува претставата.

И што? Ќе побегне Трајко, ќе побегне и Миле, по некое време и Спиро… Половината криминалци ќе побегнат или ќе се притаат, другата половина ќе бидат амнестирани на различни начини, ќе ги зачуваат парите, па дури и ќе добијат и по некој екстра тендер, ќе ги задржат своите пиони во администрацијата, бизнисот, судството, полицијата, УЈП, регулаторните тела… Па првата половина ќе почне полека да се враќа во земјата и ќе се факторизира.

За тоа време, по затвори ќе гнијат и ќе умираат невини и виновни, далеку од правда, сите заедно далеку од „Хашките соби“ кои ќе фаќаат пајажина. А кога проблемите ќе нараснат и ситуацијата ќе стаса дотаму што ќе се создаде нова криза, решението нема да биде низ институциите, туку во Клубот на пратеници, на преговори. И пак три-четворица мажи ќе се буткаат на мускули, па ќе заиграат уште една партија покер на соблекување.

И после државата не била партизирана?! Па, во основата на функционирањето на оваа држава се меѓупартиски преговори, поточно, пазарења! На кои, очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ знаат многу подобро да играат, со сите валкани трикови и дупли карти во ракавите. И тоа се нарекува политика.

Во бескрајна низа се редат случаите и настаните што во секоја, макар и приближно нормална, држава би биле повод за тектонски поместувања, за протести и за жестоко бранување во јавноста. Кај нас, се однесуваме како да не ни се случува нам. Како да е здодевна ТВ програма на заборавениот телевизор, додека ние пиеме кафе на балкон. Како да е далечен шум во нечие туѓо сеќавање. Како животот да трае илјада години, па сево ова е неважно. Како образот да е ѓомлезе (флија) со многу слоеви меѓу кои нема ништо…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share127Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ