Петнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски
По повод одбележувањето на 15-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, Собраниска делегација предводена од Талат Џафери, денеска положи цвеќе на Алејата на великани на гробишта Бутел.
Делегација ја сочинуваа, освен Џафери, Весел Мемеди, Далибор Богдановски, Жаклина Пешевска, Бранко Маноиловски и Елизабета Канческа-Милевска.
Премиерот ЗОран Заев, пак, присуствуваше на молитвениот појадок организиран од Меѓународната фондација „Борис Трајковски“.
„Својата должност како Претседател на сите граѓани и како врховен командант ја извршуваше со силен личен печат, со цврста истрајност и посветеност кон универзалните, највисоки етички и човечки принципи, во кои непоколебливо веруваше и во кои беше длабоко убеден дека се најдобриот избор“, беше дел од обраќањето на Заев по повод 15 години од загинувањето на Трајковски.
Рускоска се откажа од следењето на Вељаноски и Димовски
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, изјави дека нема да бара од полицијата да ги следи Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски.
По фамозната седница на којашто требаше да му се одземе имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, но не му се одзема првично заради отсуство на глас, па потоа заради прекин на седницата од претседателот на Собранието Талат Џафери, Рускоска изјави дека доколку се случи Вељаноски и Димовски да избегаат – „нека му ја мисли Собранието“.
Дисциплински постапки против 11 вработени во затворот во Шутка
Покренати се дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје“ во Шутка, кај кои се утврдени пропусти, дел за дисциплински прекршоци, а дел за дисциплинска неуредност, истакна Ѓоко Котески, директорот на затворот, и посочи дека до Владата се доставени и неговата оставка и извештајот во врска со инцидентот од мината среда каде што беа нападнати поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески.
Извештајот за инцитентот е испратен и до министерката за правда, Рената Дескоска, која денеска треба да го разгледа и до директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ.
Политичко рекламирање
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и за овие претседателски избори ќе врши интезивен мониторинг на медиумското известување за време на изборната кампања. За улога на медиумите во изборните циклуси, политичкото рекламирање, санкциите и измените во законските решенија што ги опфаќаат медиумите, разговаравме со директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.
Тој истакна дека АВМУ сè уште останува на ставот дека законските измени за платено политичко рекламирање да го финансира Министерството за финансии се погрешни и дека тоа не е прака во ниту една од европските земји.
Безбедност
„За нашата земја 2018 година беше година од историско значење, година кога конечно го решивме спорот со Република Грција. Со договорот од Преспа, и со неговата ратификација во двете земји затворивме проблем кој постоеше повеќе од 25 години и го трансформиравме во стабилно пријателство, потег кој треба да биде мотивација и инспирација за сите. Паралелно со политичкиот процес, работевме напорно на клучните реформски области зададени од Европскиот совет во јуни 2018, како услов за ефективен почеток на преговорите за членство во ЕУ во јуни 2019 година и тоа, реформи во правосудството, реформи во безбедносните и разузнавачките служби, борба против криминалот и корупцијата и реформи во јавната администрација“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето воведно обраќање на министерската конференција во рамки на Брдо Процесот што денес се одржува во Скопје.
Спасовски се осврна на низа досегашни реформски активности во рамки на министерството за внатрешни работи а кои имаат за цел воспоставување и зајакнување на професионалните стандарди, владеење на правото и функционирање на правната држава.
Европскa приказнa
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со заменик Министерот за европски прашања на Република Естонија, Мати Маасикас кој е во работна посета на земјава.
„Естонија претставува успешна европска приказна, модел од кој Северна Македонија стекнува важни искуства, и чија континуирана поддршка има особено значење за нашите европски интеграции“, истакна Османи.
Со Матис Маасикас средба имаше и Министерот за надворешни работи Никола Димитров. На средбата се разговараше за евро-атлантската агенда на Република Северна Македонија и предизвиците на процесот на проширување на ЕУ во следните неколку месеци.
Обвинувања