• Latest

Трајчевски: Министерството за финансии не треба да го финансира политичкото рекламирање

February 26, 2019
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трајчевски: Министерството за финансии не треба да го финансира политичкото рекламирање

February 26, 2019 16:25
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми и за овие претседателски избори ќе врши интезивен мониторинг на медиумското известување за време на изборната кампања. За улога на медиумите во изборните циклуси, политичкото рекламирање, санкциите и измените во законските решенија што ги опфаќаат медиумите, разговаравме со директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во каква состојба се медиумите и легислативата поврзана со медиумите и политичкото рекламирање во пресрет на претседателските избори?

ТРАЈЧЕВСКИ: Прашањето за состојбата на медиумите е доста комплексно, треба да се зборува од многу аспекти. Генерално почитувањето на професионалниот стандард на медиумите, зборувам пред сè за телевизиите и радио станиците што се предмет на регулација од АВМУ, оди во позитивна нагорна линија. Може да се каже дека во последниот период воопшто и да не се појавуваат прилози или емисии со говор на омраза или дискриминација од било каков вид. Се надевам дека тој тренд ќе продолжи и понатаму.

Во делот на платеното политичко рекламирање направени се измени последниве 9 месеци и тоа две, првата кон крајот на јуни минатата година, а втората измена во јануари оваа година. Предвидено платеното политичко рекламирање на политичките парии да се плаќа од Министерството за финансии. Според нас, како Агенција, оваа измена не е добра и ние жестоко реагиравме уште во летото кога беа донесени измените и сега, во јануари, кога се допрецизираа. Сметаме дека нема таква пракса во европските земји политичките партии да добиваат пари за платеното политичко рекламирање. Ние на тој став опстојуваме. Имаме поддршка од новинарските здруженија и од другите медиумски организации. Се надеваме дека во наредниот период овие одредби од Изборниот законик ќе бидат сменети, иако сме свесни дека постои ист став кај сите политички партии кои многу тешко би се откажале од овие одредби. Измените беа донесени едногласно и од опозицијата и од власта.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои проблеми очекувате да се судрите во престојниот период на предизборната кампања и на денот на гасањето? Што ќе преземете?

ТРАЈЧЕВСКИ: Со оглед на тоа дека имаме подобрување во делот на почитувањето на професионалните стандарди, агенцијата одлучи во овој предизборен период, пред почетокот на кампањата, да не прави извештаи на секои десет дена, како што беше претходно, туку да направи два извештаи на период од 25 дена. Очекуваме и се надеваме дека ќе нема проблеми до почетокот на кампањата на 1 април. Но, се надеваме и дека за тоа време, медиумите објективно ќе информираат за кампањите на претседателските кандидати. Се надеваме и дека политичките партии и независните кандидати, доколку има, нема да водат црна кампања и да претставуваат извор на евентуални проблематични начини на известувања од медиумите. Се надевам дека ќе го задржат нивото медиумите и во овој период.

Во овој период не се забележува кај медиумите дека се распишани изборите бидејќи известуваат професионално и на многу високо ниво.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што можат да направат граѓанките и граѓаните, како и организациите на граѓанското општество да помогнат во подобрувањето на состојбите поврзани со медиумите во изборен контекст?  

ТРАЈЧЕВСКИ: Постои голема свест кај граѓаните и ние буквално секој ден добиваме преставки за различни типови на прекршувања на законот, не само на Изборниот законик, туку и на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од електронските медиуми, но и од радиата и телевизиите. Не секогаш реакциите на граѓаните се оправдани, меѓутоа тоа покажува дека нивото на медиумската писменост многу повисоко, па не можат да поминат незабележано одредени активности што еветуално би ги преземале медиумите во насока да не ги почитуваат професионалните стандарди.

Во минатите изборни циклуси се случуваше за време на гласањето и за време на молкот да има прекршување на изборниот молк од медиумите. Но, за првпат за време на Референдумот се случи за време на изборен молк да нема ниту едно прекршување кај ниту еден медиум.

Се надеваме дека тоа што беше состојба со Референдумот, не било исклучок туку ќе се повтори за време и на овие избори… За евентуални проблеми што би настанале, а за кои не се одговорни медиумите, проблемите би требало да се лоцираат, доколку ги има, кај политичките партии.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ