• Latest

Како ќе ја видиме големата слика ако ни ја закачите одзади?

February 27, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Како ќе ја видиме големата слика ако ни ја закачите одзади?

February 27, 2019 07:35
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Стана пословична и светски позната подготвеноста на премиерот Заев да ги надмине разликите и споровите преку разговор и компромиси. За поздравување е неговата широчина да го сослуша противникот и да му даде простор да ги изнесе своите аргументи (и тогаш кога ги нема), а потоа да пружи рака на помирување за повисоки цели, за заеднички интереси, за големата слика… Таа негова доблест ја извлече земјата од изолација и ја врати во меѓународните води со положба подобра од било кога порано. Тој успеа, за само неколку месеци, да надмине спор долг три децении, а паралелно со тоа да ги надмине и несогласувањата со друг сосед и да го привлече вниманието на најголемите европски државници кои продефилираа на платото пред грдата зграда на владата, кој под своето знаме, кој под „малку“ утнато…

Џабир Дерала

Не го оставајте ова четиво, не е букет од цвеќе, иако почетокот мириса така… Дозволете ми да продолжам, а вие продолжете со читање, па после зборете што сакате.

Заев е искрен соговорник кој секогаш сака да дојде до решение со кое сите се задоволни. И на домашната сцена ја искористи својата блага човечка природа и политички вештини за да постигне помали и поголеми чуда. Некои од нив навистина направија разлика, за миг потскокнавме, но некои само нѐ направија да зинеме од чудо.

„Малите чуда“, ајде, некако, уф(!), ќе ги подзаборавиме, разбереме, прифатиме… Ама, се множат и такви, троа „поголеми чуда“ што многу тешко се прифаќаат, а се редат едно по друго, тоа е чудо едно. Уште чади земјата од амнестиите и бегствата, а веќе имаме ново. Да ја погледнеме само последната епизода со луѓето на Али Ахмети кои пред очите на целата јавност изведоа операција без анестезија со која го спасија Трајко Велјаноски од притвор.

На неколку пратеници им пукна филмот и го треснаа Талат Џафери од земја (вербално). И Богоевски и Зекири ги изговорија и напишаа зборовите што сите ги мислат и изговараат веќе две години. Неколку часа изгледаше како да е неминовен крахот на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, брзо беше пресметано дека предвремени парламентарни избори може да се распишат до 5 март, дека ДУИ конечно ќе се соочи со бруталната реалност на сопствените криминали… Но, потоа дојде Заев и, уште еднаш, со само еден потег, го тргна политичкиот ураган од сцената и ја продолжи политиката на компромиси. Колку и овој, најнов, компромис со ДУИ ќе донесе добро за сите нас?

Заев не ги крие практичните мотиви за својата постапка. Ја кажа математиката. Со ДУИ, тој има 68 пратеници, а без ДУИ нема 61 пратеник – нема мнозинство. За овој став да го цементира, тој кажа дури и дека не треба Талат Џафери да одговара пред него, туку дека тој треба да одговара пред Џафери, мислејќи (благородно) на највисоката позиција на Собранието во македонскиот политички систем. Но, испушти еден „безначаен“ факт, а тоа е дека и тој и Али Ахмети и Талат Џафери одговараат пред граѓанките и граѓаните кои ја имаат несреќата да живеат во еден крајно корумпиран систем. Но, тоа не ги прави помалку одговорни. Мораат да објаснат со што се условени за да го спасат Велјановски.

Сите видовме… Неквалитетната шминка почна да се размачкува и да го открива вистинскиот лик на политиката. СДСМ предолго молчеше и го криеше ДУИ. Заев одлучи да го продолжи тој молк, фрлајќи ги низ вода реакциите на независниот Богоевски и потпретседателот на неговата партија Зекири. Тоа го запечати и портпаролот Бошњаковски кога (отприлика) кажа дека сѐ е в ред со владината коалиција, имале владина седница во полн состав и дека тоа што се случувало во Собранието е работа на… Собранието. Браво.

Корупцијата и врската меѓу Али Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ може да се види од авион, но во име на парламентарното мнозинство, во име на процесите што се поголеми од дневната политика, СДСМ го думка Ахмети на своите колена, му дава да цица исто толку и на ист начин како во „најубавите“ денови на владеењето со Груевски. Ахмети ќе каже „а“, порано Груевски, сега Заев ќе му каже „на“. Да се потсетиме, Заев и СДСМ своерачно му обезбедија на ДУИ победа во неколку општини на локалните избори во 2017 година. Од моментот кога Али Баба и неговата дружина решија (навидум) да се оттргнат од страсната љубовна прегратка со Груевски, Заев им даде едно чудо министерски, заменички, директорски и какви сѐ не места.

Но, без оглед на тоа што и колку некој ќе му даде, Ахмети му останува верен на Груевски. До гроП, како што би му се „отворил“ Мендух Тачи на Мијалков. Цел еден пратеник, Зијадин Села, ќе го изгубеше својот живот во ѕверското тепање во крвавиот 27-мо априлски напад на Собранието, настан што ја доведе целата земја пред самиот амбис и крвава пропаст од која ќе настрадаа сите. Самиот Заев крвареше, Шекеринска и многумина други, пратеници и новинари… Многу добро се знае кои се организаторите, помагачите, извршителите, пејачите… И на крвавиот напад на Собранието и на сите криминали и злосторства пред тоа. Но, „долгот“ на Ахмети кон Груевски е веројатно толку голем и валкан, што тој секогаш, и кога може и кога не може, ќе му помага верно и по секоја цена.

Уште колку услуги им должи Али на Груевски и Фамилија? Уште колку крв ќе се пролее, за да се израмнат долговите и да се избришат сите снимки што ги има политичкото подземје за врхушката на ДУИ? Време е да добиеме одговори на сите поставени прашања и оние што допрва ќе се поставуваат. Премногу лесно се играше со оган, без да се мисли на погубните последици.

И повторно бројки и калкулации. И повторно, на сметката на криминалот и мрачните заговори ќе се допишат и тие што се целосно недолжни – граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија. Самиот почеток на овој гаден расплет на површината ја исфрли сета мизерија на поединци и организирани бандитски групи во политиката. И повторно, на буништето ќе се најдат обичните луѓе.

Предолго ги гледаме истите играчи што тврдат дека настапуваат (богатејќи се) во име на заедниците или народот, а не забораваат да ги спомнат и Бог и Алах. Политичките компромиси се разбирливи до момент кога тоа веќе не се политички компромиси, туку попуштање пред криминалци. Опортунистите во ликот и делото на оние што му ги лижеа чизмите на Грујо Серекеш до вчера, не се сојузници, туку обични превртливци и ситни крадци.

Ми пишува еден колега доцна синоќа: „А да не е Али Ахмети, всушност, главен, па ги држи и Груевски и Заев во малиот џеб?“ Добра досетка, но знаеме дека не е така. Што и да е, треба конечно да ни се каже, да знаеме на што сме. Без компромиси! Бидејќи компромис се прави меѓу двајца со иста или слична морална и политичка големина, но имаат различно мислење и план, па во име на големата слика ги нивелираат разликите…

Компромисите со криминалците и сиот тој политички шљам насобран низ годините не се победа на разумот. Таков компромис е, всушност, пораз за сите нас, а победа на арамиите. Можеби така оди тоа во политиката, но ние не сме политичари.

Можеби големата слика е преубава, но се создава од отровни бои, измешана од крвта што ја исцицаа од нас, обичните смртници. Денеска ќе има многу гладни, исплашени и понижени луѓе, од различни заедници и вери… Ќе треба да го истераат денот. Без надеж дека утре ќе бидат дел од големата слика. Тие денеска ќе треба да бидат убедени дека компромисите се благодат, макар и да имаат вкус на криминал и корупција…

Како ќе ја видиме големата слика, ако клинот за таа слика да се обеси се кова на нашиот грб?

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share241Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ