• Latest

Не стивнува политичката криза во Албанија, меѓународната заедница повикува на дијалог

February 27, 2019

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Не стивнува политичката криза во Албанија, меѓународната заедница повикува на дијалог

February 27, 2019 13:41
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанската опозиција, предводена од централнодесничарската Демократска партија, тврди дека левичарската влада на премиерот Еди Рама е корумпирана и има врски со организираниот криминал. Пратениците на опозицијата сакаат владата да се повлече за администрацијата да свика предвремени избори.

На синоќешните протести, поддржувачите на албанската опозиција фрлаа ракети и запалија автомобилска гума пред парламентот, во обид да ги блокираат владејачките пратеници кои влегуваат во зградата, со повици владата да се повлече. Опозициските водачи одржаа кратки говори, повикувајќи Рама да поднесе оставка и ветија дека ќе одржуваат континуирани митинзи. Антивладините демонстранти неколку пати се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и фрлија чадни гранати и камења кон зградата на парламентот, чувана од многуброен полициски контингент.

„Ќе се вратиме, нашата битка ќе продолжи сѐ додека оваа влада не биде срушена“, изјави Лулзим Баша, водачот на опозициската Демократска партија пред демонстрантите, откако облаците од солзавец ги оддалечија од полицискиот кордон.

„Овој парламент е нелегитимен“, изјави Моника Круемади, лидерка на Движењето за социјалистичка интеграција, пред демонстрантите, барајќи од нив повторно да се состанат пред парламентот во четврток.

Рама за медиумите во Тирана изјави дека „очајните опозициски напори би можеле да бидат фатални за отворањето на преговорите во јуни“ за членство во Европската унија.

Албанија се надева дека ќе отпочне разговори за пристап со ЕУ оваа година, но земјата со 2.8 милиони жители треба да направи значителен напредок во борбата против корупцијата за да започнат преговорите. Социјалистите имаат 74 пратеници во парламентот кој брои вкупно 140 места.

САД, Европската унија и другите меѓународни институции го повикаа лидерот на опозицијата да го избегне насилството, а од владата побара да влезе во разговори со своите политички ривали.

„Насилството не е одговор на проблемите на Албанија. Ние повторно го осудуваме поттикнувањето на политичкото насилство и повикуваме на воздржаност и одговорност“, се вели во соопштението од канцеларијата на Тирана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Поради длабоката политичка криза во која се наоѓа Албанија, денеска во Тирана ќе допатува седумчлена делегација на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Пред заминувањето за Тирана, шефот на делегацијата, европратеникот Туне Келам, побара од Владата и опозицијата да ја решат оваа ситуација преку конструктивен дијалог. Делегацијата се очекува да се сретне со акбанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Лулзим Баша.

Доаѓањето на делегацијата на ЕП го коментраше амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца, според кого, посетата е потврда дека Парламентот е место за дискусија.

„Оваа посета не е случајност, туку потврда дека место за дискусија меѓу опозицијата и владата е Парламентот. Во четврток наутро ќе имаат прес-конференција и се надеваме дека ќе имаме позитивни сигнали“ – нагласи Сореца. Тој додаде дека европратениците одиграле значајна улога и во минатото, најавувајќи дека тие ќе ги слушнат двете страни и ќе донесат оценка за одлуката во јуни.

Според албанските медиуми, по Тирана, седуметмина европратеници ќе отпатуваат за Скопје.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ