• Latest

Манчевски: Работиме на департизација на администрацијата

March 11, 2019

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Манчевски: Работиме на департизација на администрацијата

March 11, 2019 09:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одговори на прашањата на ЦИВИЛ Медиа за улогата на министерството во изборниот процес, списоците на „сигурни гласачи“ во изборниот инженеринг, депатизацијата и реформите во МИОА. (8 март 2019 г.)

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е, според Вас, улогата на МИОА во изборниот процес и како таа се спроведува?

МАНЧЕВСКИ: Од технички аспект ние ги обезбедуваме списоците на вработени во јавниот сектор кои ги доставуваме до ДИК и врз основа на тие списоци тие вршат избор на членовите во избирачкиот одбори.  И тоа е единствената формална улога на МИОА во овој процес. Сепак, ние од минатата година од референдумската кампања воведовме една алатка, преку нашата веб страна, за пријава на притисок на работното место во јавниот сектор и оваа алатка е лесен и едноставен начин како кој било вработен и каде било во државата може лесно да пријави каков било вид на притисок кој евентуално му се случува на работното место. Согласно таа пријава, односно информациите, ние таа информација ја проследуваме до соодветните институции и се обидуваме да имаме некаква разрешница која ќе биде видлива пред се за самите граѓани. Во текот на референдумот немаше многу пријави, 2 или 3, но и за овие избори сакаме што повеќе да ги информираме граѓаните дека постои оваа алатка и да ги охрабриме секој кој се соочува со што било, а го цени како притисок на работното место, да го пријави.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во минатото, познато е дека се правеа списоци со „сигурни гласачи“ за изборен инженеринг. Дали мислите дека сега постојат механизми тие списоци да останат во минатото?

МАНЧЕВСКИ: Токму оваа алатка за која зборував е еден од начините како можат луѓето, ако евентуално им се бараат списоци, да пријават. Мислам дека на последните локални избори и на референдумот овие списоци ги пративме во историјата. Мала земја сме, се разбира, ако постои нешто такво, тоа ќе излезе во јавност, како што претходно излегуваше, не можат да се скријат вакви појави, доколку се работи за масовни организирани операции од страна на кој било. Не велам дека нема да се јават некакви појави на локално ниво или во одредена институција, но организирана појава на ваков начин, како што тоа го правеше претходната власт, апсолутно немало по смената на власт и тврдам дека ќе нема. Алатката која ќе ја ставиме во функција деновиве и ќе биде за оваа изборна кампања е уште еден од начините како тоа може да се пријави. Кој било вработен во јавен сектор ако кое било раководно лице му бара список на гласачи веднаш тоа да го пријави.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали постои и, ако постои, како се спроведува процесот на департизација на јавната администрација?

МАНЧЕВСКИ: Департизацијата е долга и широка тема и, нормално, граѓаните тоа го гледаат и јас лично се фрустрирам од тоа, преку ноќ не се случува тоа. Европската комисија ја оценуваше Македонија како заробена држава, а еден од начините како се зароби државата беше со луѓе кои немаат квалификации, а беа поставени на раководни места во минатиот систем, со минатите закони, законите кои веќе не важат и потоа со новите закони за административни службеници и вработени во јавниот сектор се заклучија раководни позиции, овие закони се европски, правени со европски пари и овие луѓе многу тешко можат да бидат преместени.

И токму во моментов се соочуваме со тоа, овие речиси две години власт: раководните позиции не се променети и тешко може да се променат. Барем во делот на администрацијата, не во целиот јавен сектор, и покрај политички разијдувања постојат луѓе кои чесно си ја одработуваат работата, а со некои што не работат од која било причина, со нив треба да си ги следиме законските постапки и процедури.

Решение на проблемот – доколку обезбедиме департизација на раководните структури. Притисоците на вработените може да доаѓаат од менаџментот, не може од некој подолу во хиерархијата. Затоа, токму денеска (8 март 2019) го објавивме новиот предлог закон за висока раководна служба кој воведува сосема нови стандарди за избор на раководни лица во државата, нешто што досега не само што не се спроведувало туку и за многу луѓе ќе биде и изненадување, затоа што вакви принципи на избор ретко каде и да постојат. Навистина обезбедуваме сериозни механизми со кои пред се функционерите односно Владата нема да ја прави евалуацијата на кандидати за висока раководна служба, туку тоа го оставаме на луѓе што се експерти во таа област. Ќе се избере комисија за висока раководна служба, изборот на комисијата ќе се врши во Собранието, на слична постапка како што тоа се правеше со изборот на членови на ДКСК.  Комисијата ќе биде задолжена да врши евалуација, бодување и интервјуа на сите кандидати за менаџерски позиции.  Ги опфаќаме позициите од државен секретар до се што е над раководител на секторот.  Откако ќе се направи евалуацијата и бодувањето оваа комисија од надворешни луѓе не од системот, листа од 3 кандидати и ќе испрати до влада или министер кој било што ја вршо одлуката и ние ќе може да бираме само од нив. Граѓаните ќе бидат сигурни дека ги исполнуваат критериумите и компетенции кои се бараат од луѓето кои ќе аплицираат за овие раководни позиции. Процесот и процедурата е исто така јавна и транспарентна и мислам дека ќе не доведе до една сосема поинаква ситуација и впечаток на граѓаните за јавниот сектор.

Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ МЕДИА: До каде се реформите во јавната администрација? Дали постои можност да се намали бројот на административците некогаш и која е временската рамка за тоа?

МАНЧЕВСКИ: Ние ги следиме отприлика бројките, за жал, јавниот сектор не е така атрактивен ако сте внатре и знаете каква е состојбата. Многу луѓе сакаат да влезат внатре но, оние кои се внатре често наоѓаат и многу подобра работа. Нашата администрација искрено по години не е така млада, просечната возраст е прилично висока и луѓето одат во пензија. Ние ако продолжиме да вработуваме само според потребите на институциите, има и дополнителни механизми во стратегијата за реформа на јавна администрација, природниот одлив ќе си го направи своето. Сепак ја предвидуваме и онаа мерка која веќе ја имам спомнато дека во моментот ги правиме и хоризонталната функционална анализа, но потоа ќе почнат и вертикалните функционални анализи во сите органи на државната управа, каде точно ќе знаеме со бројки, со име и презиме, квалификации, искуство и образование, кои луѓе се вишок и ќе се обратиме до стопанските комори каде тие треба да ни дадат отприлика анализа за тоа каков тип на кадар и каде им недостига. Да се обидеме вишокот од јавниот сектор да се најде со потребата што е во приватниот сектор. Јас сум уверен дека ќе имаме некаков успех, но на крајот на денот нема гаранција. Можеби оваа „вежба“ нема да ни успее, но ние да се обидеме да ги направиме анализите, ќе се обидеме со приватниот сектор бидејќи на крајот на денот ние како Влада се бориме за нови работни места и за достоинствени работни места, не ни е целта никој да остане на улица. Туку, луѓето од јавниот сектор да ги ставиме во функција во приватниот сектор. Државата ќе одвојува помалку пари за плати, приватната фирма ќе добие поевтина работна сила затоа што сепак ќе добива некакви субвенции од страна на државата за овие луѓе во одреден период на години, работникот исто така сметам дека ќе добие пред се поголемо задоволство од работата. Таа анализа што ќе ја направиме ќе остане. Подобро е најдат искористеност и работно место каде многу повеќе ќе биде цената на крајот од денот на нивната работа и ги гледам и трендовите со платите веќе во приватниот сектор платата е поатрактивна, отколку во најголемиот дел од јавниот сектор, особено во она што е јавна администрација. И јас можеби во минатото, кога не бев толку упатен, под администрација сметав се, меѓутоа јавната администрација реално се само луѓето во органите на државна управа што едвај се околу 15.000, ако не и помалку. На нив паѓа најголемиот товар од реформите, преговорите и сите овие активности, се друго е јавен сектор. Во администрацијата е многу помалку атрактивно, тука ни недостигаат луѓе, да најдеме начин како да ги мотивираме луѓето да дојдат, а да се ослободи притисокот кој постои во јавниот сектор.

Ангела Петровска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ