• Latest

Кои се ингеренциите на Претседателот на Републиката?

March 15, 2019
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кои се ингеренциите на Претседателот на Републиката?

March 15, 2019 09:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Врховен командант преку министерот за одбрана, законодавец преку Собранието, назначувач на амбасадори по предлог на Владата, потписник на меѓународни договори по референдумска или одлука на Собранието. Тоа се основните функции на претседателот на државата, дефинирани во Уставот и законите.

Самостојно, претседателот може да помилува, да одликува, да испрати специјален пратеник и да назначи директор на Агенцијата за разузнавање и тројца членови на Советот за безбедност, со кој претседава. Може да прогласи воена и вонредна состојба, ако Собранието не може да се состане, но кога ќе може, мора да ја потврди неговата одлука. Може, по предлог на министерот за култура, и да прогласи национален уметник.

„Претседателот ја претставува Републиката. Претседателот е врховен командант на вооружените сили“, стои во Уставот. „Претседателот го изразува државното единство и ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена“, стои на интернет страницата на шефот на државата.

Претседателот, формално, му го доделува мандатот на мандатарот за состав на Владата, со указ ги поставува и отповикува амбасадорите и пратениците на државата во странство, генералите и началникот на Генералштабот на АРМ, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници.

Формално, претседателот ги потпишува и указите за прогласување на законите. Но, како и најголемиот дел други ингеренции, и оваа е повеќе формална – ако одлучи да не го потпише указот, должен е да го потпише ако Собранието повторно го изгласа законот. За закони донесени со двотретинско мнозинство, претседателот нема право да не го потпише указот.

„Во рамки на надлежностите на Претседателот на Републиката е и да предлага двајца судии на Уставниот, двајца членови на Судскиот, а предлага и двајца членови на Советот за радиодифузија. Претседателот го предлага и гувернерот на Народна банка, кој потоа го именува Собранието“, се наведува на интернет страницата на претседателот.

Претседателот на Републиката ужива имунитет, а по престанокот на функцијата, тој и неговото семејство уживаат и посебни права.

Игор К. Илиевски


Со цел да придонесе кон јакнење на јавната свест за правото на глас, како и за нерегуларностите во изборните процеси, ЦИВИЛ започна со серија едукативни текстови за различни аспекти на изборните процеси. 

Граѓанките и граѓаните што имаат информации за кршење на правото на глас, злоупотреби, притисоци и други нерегуларности во текот на изборниот процес, можат да пријават на онлајн формуларот Слободни избори или да контактираат со ЦИВИЛ на monitoring.civil@gmail.com, во инбокс на ФБ страницата на ЦИВИЛ или да се јават на 02/5209176.

Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ