Судијката Добрила Кацарска синоќа гостуваше во емисијата „Правда и неправда“ на 1Тв , каде рече дека Мицкоски може мирно да спие бидејќи кај неа немало нарачани пресуди. Таа додаде дека одлуката за Игор Дурловски и е најтешка ослободителна пресуда донесена некогаш.
Таа спомена и дека Орце Камчев на кој му се суди во Империја и е пријател, но дека не може да донесе пресуда во негова корист, и дека ќе побара изземање од случајот. Таа нагласи дека нејзиниот татко и таткото од Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина“ која е во сопственост на Камчев.
Кацарска исто така потенцираше дека претседателот Ѓорѓе Иванов во оваа фаза, пред изборите, нема право да прогласи амнестија, но како граѓанин на државава и како судија, се надева дека нема да го направи тоа.