• Latest

Борбата против говорот на омраза не е закана за слободата на изразувањето

March 28, 2019
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Коалиција од 25 американски сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради новите увозни царини

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борбата против говорот на омраза не е закана за слободата на изразувањето

March 28, 2019 16:15
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

На панел дискусијата „Со аргументи и вистина против говорот на омраза“, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, се зборуваше за говорот на омраза и црната кампања, пред почетокот на официјалната кампања за изборите.

Како медиумите влијаат на ширењето на говорот на омраза, но и влијанието на социјалните мрежи, неказнивоста и заспаноста на институциите беа само дел од темите на кои разговараа Дехран Муратов од ЦИВИЛ во улога на модератор на дискусијата, новинарката Кристина Озимец, активистката Мерсиха Смаиловиќ и комуникологот Сефер Тахири.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

„Како што се наближуваат изборите, расте и говорот на омраза, а со тоа и црната кампања“, истакна Муратов.

Новинарката Кристина Озимец, се осврна на социјалните мрежи и нивното влијание врз јавноста, поврзувајќи ги говорот на омраза и црната кампања со лажните вести, кои земаат се поголем замав.

Кристина Озимец, новинарка

„Социјалните мрежи колку што може да бидат корисни и да отворат идеи за иновативни и нови пристапи во работата, особено кога станува збор за новинарството, истовремено можат да бидат страшна платформа за линч, клевети и закани. Тие се една палета на непроверени информации и клевети, коишто потоа создаваат атмосфера на линч“, вели Озимец.

Таа зборуваше и за сајбер булингот на социјалните мрежи, каде како особено ранлива категорија ги лоцира жените новинарки.

Мерсиха Смаиловиќ, активистка

Активистката Мерсиха Смаиловиќ зборуваше од позиција на личност која во јавноста го разоткри говорот на омраза на социјалните мрежи, од вработена припадничка на безбедносните сили во земјата. Говор кој се однесува на неодамнешниот терористички напад во Нов Зеланд, каде животот го загубија 50 муслимански верници за време на петочната молитва.

„Тоа што се случи во Нов Зеланд е злосторство од омраза. Ние мора да сфатиме дека говорот на омраза никогаш не запира само и исклучиво на говор, туку прераснува токму во повисоки форми, како што е злосторство од омраза и екстремизам. Ние како граѓани сме уморни постојано да ловиме кој како пишува. Ако немаме сериозни законски регулативи и сериозни институции кои решително ќе се борат против ваквите појави, ништо не правиме“, истакна Смаиловиќ.

Таа вели дека досега многупати ги пријавувала овие случаи, како и случаи поврзани со закани кон неа до институциите, но, за жал, досега не е покрената ниту една постапка.

Сефер Тахири, комуниколог

Комуникологот Сефер Тахири, зборуваше за состојбата во медиумите во однос на ширењето на говорот на омраза и црната кампања, како и за одговорноста на новинарите и медиумските работници.

„Спречувањето или ограничувањето на говорот на омраза, односно контролата или само-контролата на медиумите или актерите вклучени во медиумската продукција не значи спротивставување на слободата на изразување, бидејќи како што вели една изрека ‘нема слобода за непријателите на слободата’. Токму тие коишто шират говор на омраза често се повикуваат на слободата, а всушност тие ја прекршуваат токму слободата на изразувањето“, истакна Тахири наведувајќи повеќе примери од медиумското секојдневие.

М. Ивановска

Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ