• Latest

Тахири: Медиумите се инструмент за ширење на говор на омраза

March 29, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тахири: Медиумите се инструмент за ширење на говор на омраза

March 29, 2019 13:45
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Комуникологот Сефер Тахири на вчерашната панел дискусија „Со аргументи и вистина против говорот на омраза“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, зборуваше за говорот на омраза и неговата контрола во рамки на медиумското известување. Тахири смета дека говорот на омраза е намален во медиумите, но на социјалните мрежи пордолжува со истиот интензитет. Спорен него, оваа појава најмногу се должи на потпишувањето на Преспанскиот договор и на Законот за јазици.

„Анализата за известувањето на медиумите за етнички сензитивни теми покажува дека во минатите две ипол децении, во Македонија беа забележани голем број примери на невнимателно или на намерно известување во кое отсуствуваше чувствителност за меѓуетничките, меѓукултурните и меѓуверските односи во нашето општество. Ваков говор е присутен во онлајн медиумите,  интернет просторот, на телевизија, радио, во пишаните медиуми, во политичките говори и други јавни обраќања, на јавните собири – митинзи, протести, во јавниот простор, на спортски натпревари“, изјави Тахири.

Тахири го постави и прашањето дали медиумите се креатори на говорот на омраза. Како што објасни, медиумите првенствено се инструмент за ширење на говорот на омраза, отколку креатори.

„Но улогата на медиумите е голема во процесот на ширење на омразата и создавање на поволна клима за да истиот добива на интензитет. Токму затоа новинарите, уредниците а особено главните уредници како главни креатори на уредувачката политика на одреден медиум и одговорни за објавените содржини во медиумите, имаат голема одговорност пред се пред јавноста, бидејќи говорот на омраза и изразите што содржат негови елементи имаат штетно влијание доколку се шират преку медиумите… Голем број граѓани и субјекти се жалат на присуството на говор на омраза во медиумските содржини. Најчесто станува збор за говор на омраза врз основа на сексуалната ориентација и врз основа на политичката определба на засегнатите групи и поединци. Најчесто говор на омраза се користи во онлајн-медиумите“, истакна Тахири.

Тахири зборуваше и за културата на неказнивост на онлајн медиумите.

„Некогаш поради инертноста не институциите, некогаш поради неразбирање на оваа релативно нова сфера, а некогаш поради споменатиот штетната заблуда дека за онлајн сферата не важат законите и дека онлајн медиумите не се „регулирани“. Но во кривичниот законик на Република Македонија на експлицитен начин се предвидуваат затворски казни за сите тие кои преку медиумите ќе промовираат и употребуваат говор на омраза… Земајќи предвид дека говорот на омразата може да поттикнува насилство а може и дискриминација, поттикнува или оправдува ксенофобија, антисемитизам, и други форми на нетолеранција, сметаме дека потребата од негово ограничување е оправдана, а е последица на злоупотребата на слободата е повреда на правата на другиот… Тука сметам и на коментарите, кои се објавуваат во онлајн медиумите и токму затоа сметам дека улогата на онлајн уредниците е многу битна. Имено онлајн медиумите, како и традиционалните медиуми имаат одговорност за да не објавуваат коментари, кои можат да бидат негативни или пак да го достигнуваат нивото на говор на омраза“, истакна Тахири.

Маја Ивановска (обработка на текст)
Камера: Ариан Мехмети
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

Share37TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ