• Latest

Јонкер: Наше е да набљудуваме, а не да советуваме и интервенираме

April 1, 2019
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јонкер: Наше е да набљудуваме, а не да советуваме и интервенираме

April 1, 2019 13:49
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изборните процеси во земјата во последните 18 години секогаш се мониторирани и од Мисијата за набљудување на ОБСЕ/ОДИХР, по покана на Министерството за надворешни работи на нашата држава.  Колку Северна Македонија е спремна за овој изборне процес, кои се препораките на ОДИХР, како ќе се набљудува самиот процес и колку е важно набљудувањето на маеѓународните органзиации за време на изборите, ни одговори Н.Е. Карин Јонкер, шефица на Мисијата на ОДИХР во Северна Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Северна Македонија ги исполни препораките на ОДИХР од претходните изборни процеси? Кои се главните предизвици на нашата земја пред претседателските избори?

ЈОНКЕР: Ви благодарам за прашањето. Можеби на почетокот ќе ми дозволите да објаснам што всушност  мисијата на ОДИХР за набљудување прави во една држава.

Пристигнавме пред три недели, на покана од Министерството за надворешни работи. Ова е осумнаесеттото изборно набљудуваље во земјата, и се спроведува бидејќи Северна Македонија е член на ОБСЕ и со тоа тие се согласија да ја поканат нашата организација да ги надгледува нивните избори доколку се организирани според меѓународните стандарди за демократски избори. И, се разбира, исто така го набљудуваме и националното законодавство, за да видиме дали иѕборите се организирани според државното законотавство. Кога станува збор за препораки, се уште е рано за тоа. Како што спомнав, ние пристигнавме во земјата пред три недели и на крајот од набљудувањето ќе бидеме во можност да се навратиме на претходните препораки и тогаш, преку нашите извештаи ќе прикажеме дали навистина се имплементирани препораките и ќе имаме други препораки за земјата. Но, за сега, прерано е да ви одговориме директно на вашето прашање.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колку е важно набљудувањето на изборите? Што треба да знаеме за набљудување на изборите?

ЈОНКЕР: Мислам дека изборното набљудување е важно. Како што напоменав, земјата се зазема да ја покани нашата организација за да ги набљудуваме изборите. Исто така, на терен имаме основен тим на аналитичари. Имаме средби со заинтересираните страни, но исто така нашите долгорочни набљудувачи на терен разговараат со заинтересираните страни за изборите во кругот на нивното набљудување. И, тоа што тие ни обзнанија е дека за нив е од посебна важност да имаат набљудувачка мисија во земјата. Да се забележи напредокот на земјата во врска со демократски избори и за понатамошни препораки. Знаете, треба да се знае што да се набљудува и што да биде приоритет, за да се подобрат уште повеќе изборите.

Основниот тим стациониран во Скопје започна со работа пред три недели и нашите долгорочни набљудувачи почнаа со работа пред две недели пред брифирањето тука во главниот град, а на дневна основа добиваме информации од регионот и им даваме онформации од Скопје. Пред самите избори ќе имаме 250 краткорочни набљудувачи. Тие ќе бидат задолжени за набљудување, од една страна предизборниот молк пред изборниот ден, но и да го набљудуваат изборниот процес, гласањето, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето. Така што, изборната набљудувачка мисија на ОДИХР ќе ко набљудува предизборието, изборниот процес и секако, во случај на втор круг, ќе останеме во земјата и ќе имаме прелиминарни сознанија и заклучоци коишто ќе ги преѕентираме по завршувањето на процесот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите пораки и препораки за носителите на одлуки и засегнатите страни пред претседателските избори во Северна Македонија?

ЈОНКЕР: Пак ќе кажам, прерано е да се збори за тоа, бидејќи ако зборуваме, тоа би било вмешување/интервенција во процесот, а нашиот мандат не е да советуваме и интервенираме, туку да набљудуваме. Така што, организацијата на изборите е за надлежните институции. Тоа е нивна одговорност. Ние набљудуваме, и по изборниот ден, ќе ги презентираме нашите податоци и сознанија на прес конференција. Потоа, по два или три месеци, ќе објавиме завршен извештај, во којшто исто така ќе има препораки за следни избори.

Ќе имаме привремен извештај којшто ќе го објавиме на 5 април. Но тоа ќе биде повеќе описен извештај. Доколку има нерегуларности, тогаш и тоа ќе биде вклучено во нашите сознанија и заклучоци коишто ќе бидат објавени на 22 април, ден по изборите, и потоа, на денот по вториот изборен ден.

Дијана Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска

 

Share17TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ