• Latest

Повик на Шарените: #НаМегдан

April 27, 2019
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Повик на Шарените: #НаМегдан

April 27, 2019 12:43
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изборната кампања за претседателските избори 2019, кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ја искористија и за повикување на Шарените за поддршка на нивните програми и цели.

Како одговор на нивните повикувања денеска се огласија и Шарените преку заедничка платформа #НаМегдан, која ќе послужи за комуникација меѓу граѓаните и кандидатите за претседатели до изборниот молк.

Во продолжение целосниот повик на иницијативата #НаМегдан:

„Во изминативе неколку години повеќето од нас ја продолжија индивидуално борбата која сите ние заедно ја водевме за време на активностите на Шарена Револуција. Нашите идеали го издржаа тестот на времето  бидејќи зеднички  создадовме систем на вредности на кој сите ние се повикуваме и по три години од протестите.

 Во претседателската кампања до сега, стана очигледно дека сите кандидати за Претседател на Република Северна Македонија сакаат да ги присвојат вредностите на нашата револуција. Во вториот круг, барањата за наша поддршка се погласни од кога било претходно. Ја поздравуваме декларативната отвореност и демократичност на кандидатите, но и потсетуваме дека тоа неизбежно значи соочување со сите оние прашања чие неодговарање и избегнување во овие две години резултираа со незадоволство кај неопределените граѓани.

Кога повикуваат на поддршка од Шарената Револуција, политичарите би требало да знаат дека дека никој нема право да зборува во име на целата револуција и дека Шарена има различни гласови колку што има и различни луѓе. Така, целта на оваа иницијатива не е да го претставува гласот на Шарена Револуција или на револуционерите во целост. Целта е да се овозможи директна комуникација и соочување на активистите и сите останати граѓани за суштинските прашања кои ги засегаат принципите на Шарената Револуција и граѓанскиот отпор со луѓето кои претендираат да бидат на највисоката функција во државава.

 До предизборниот молк, платформата #НаМегдан ги повикува сите кои сметаат дека во досегашната предизборна кампања не беа одговорени суштинските прашања, да ја искористат платформата за самите да ги постават прашањата кои се од нивен интерес. Истовремено, нашата платформа неуморно ќе ги прозива кандидатите да одговорат на тие прашања, а нејзината отвореност, транспарентност и јавност ќе бидат најдобрата алатка против злоупотребата на револуцијата и нејзините принципи во предизборната кампања.

Оваа иницијатива за комуникација помеѓу граѓаните и кандидтите ќе се состои од релевантни прашања,  директно поставени преку платформите Фејсбук и Твитер со хаштагот #НаМегдан.  Ние секојдневно ќе ја ажурураме листата на поставени прашања со што ќе креираме фокусиран притисок врз кандидатите директно да одговорат на секое од нив.

Нашиот мегдан се состои во online комуникација и гласно прозивање на кандидатите, настапи во пишани и телевизиски медиуми и иницирање на завршна неформална средба со секој од нив поединчно,  каде сите заинтересирани активисти ќе можат директно да ги постават своите прашањата.

Оваа иницијатива е отворена и кон неа може да пристапи секој што сака, преку јавно изјаснување со хаштагот #НаМегдан или преку порака до страницата на Facebook. Ние секојдневно ќе ја ажурираме листата на поддржувачи. Но, сите имаат право да постават прашање, а не само оние кои се изјасниле како поддржувачи на иницијативата. На крајот, оваа иницијатива нема да даде „шарен печат“ на кој било од кандидатите и да повика на поддршка за некој поединечен кандидат, бидејќи таквото нешто е спротивно на принципите за кои се боревме. Наместо тоа, ќе понудиме приказ на тоа кој кандидат кои прашања ги одговорил или избегнал да ги одговори. Така, секој од нас ќе може да донесе одлука врз основа на сопственото убедување и врз основа на тоа што за него или неа претставуваат вредностите и принципите на Шарената Револуција.

 Ајде #НаМегдан, другари!“

 Поддржувачи на иницијиативата се Ирена Стеријовска, Гоце Mаркоски, Јасмина Голубовска, Ана Кркулевска, Тони Попоски, Јаков Спасов, Никола Писарев, Елена Фиданска, Замир Мехмети, Лазар Симеонов, Душан Стојчев, Алек Гочев, Александар Богоевски, Гуѕим Нухиу, Павле Богоевски, Владимир Кочовски, Јане Ѓорѓиоски, Виолета Ѓорѓиевска, Сашо Трајковски и Бојан Ѓуретановиќ.

Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ