Интерпол веќе два месеци одбива да го стави Никола Груевски на списокот на барани, додека обвинителството на РСМ го очекува неговото екстрадирање за да одгорвара пред судските органи за организирањето на упадот во Собрание на 27 април. На списокот на Интерпол го нема и Никола Бошкоски од УБК.
Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска изјави дека за петте лица за коишто се испратени докази со наредба за истрага и решение за притвор, биле веднаш објавени потерници, а за Груевски и Бошкоски одбиваат да објават потерници, иако се работи за истото кривично дело.
Обвинителството за организиран криминал деновиве ги разгледува доказите за Трајко Вељаноски, Спиро Рисовски и Миле Јанакиески, за упадот во собрание, а се очекува Рускоска да поднесе обвинение.