• Latest
Бранко Петровски

Добриот комшија Бране утре излегува од болница

May 28, 2019
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Добриот комшија Бране утре излегува од болница

May 28, 2019 16:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

По бруталниот напад во саботата, 18 мај, по сите перипетии околу неговото одложено хоспитализирање и опасноста по живот што сè уште е присутна, Бранко Петровски, утре излегува од болница на домашно лекување.

Опасноста според лекарите не е надмината, но сега за сега здравствената состојба на Петровски е стабилна. Две недели по нападот на бизнисменот Спиро Чорогунов врз него, правда за Петровски нема ни на повидок. Институциите премногу бавно реагираат на бруталниот атак од бизнисменот што ги поседува хотелите „Александар Сквер“, „Александар 2“, ГП „Караорман“ и други бизниси врз мирниот комшија Бране, како што го знаат во соседството.

По поднесената кривична пријава, Министерството за внатрешни работи чека на одлуките на Јавното обвинителство, а за било каква процедура се чека и на лекарско уверение што докажува за тешката состојба на Петровски, а која семејството сѐ уште не ја добило, а институциите (МВР, обвинителство) не ја побарале по службена линија.

Сепак, поддршката за Петровски и неговото семејство е огромна. Јавноста, револтирана од постапката на човекот што, по крвничко претепување на својот сосед, спокојно оди на свадба, додека жртвата буквално се гушеше во сопствената крв ноќта по нападот.

Во јавноста е позната и поврзаноста на напаѓачот со некои од влијателните луѓе од режимот на Груевски, со кои правдата сè уште војува, за сега, не многу успешно.

Според очевидци, Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, кој се наоѓа во непосредна близина и на кафулето „Гарсон“ и на менувачницата.  Тешкиот инцидент се случил среде бел ден во строгиот центар на градот, кога Чорогунов му ја фрла малата табла со реклама за менувачницата што таму стои цели 19 години. Откако Петровски се обидува да ја врати таблата, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето, со што му нанел скршеници на вилицата, носот и во пределот на десното око. Петровски е познат како ненасилен, добар и љубезен сосед, кој минатата година извојува и битка против ракот. Семејството Петровски им пренесе на претставниците на ЦИВИЛ што го следат случајот, дека се бескрајно благодарни за изразите на поддршка што ги добиваат од безброј луѓе во текот на овие тешки денови за нив.

На ред се институциите.

 

Share175TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ