• Latest

Катица Јанева дала одобрение да му се врати пасошот на Камчев

June 5, 2019

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Катица Јанева дала одобрение да му се врати пасошот на Камчев

June 5, 2019 12:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев, бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

„Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот“, изјави Јанева.

Јанева додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот и дека поентата на СЈО е да истражи дали има коруптивни елементи и валкани пари во делот на високите функционери.

Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на пасошот.

Од Кривичниот суд појаснуваат дека на осомничениот во „Империја“ времената патна исправа му е дадена по добиено позитивно мислење од СЈО, кое морале да го почитуваат.

„Осомничениот, преку своите бранители, до судија на претходна постапка има поднесено барање за издавање на патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност, а заради неодоложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.

Согласно одредбите до ЗКП, судијата на претходна постапка се обратил до надлежниот јавен обвинител од каде е добиено позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност“, се вели во соопштението на судот.

Оттаму додаваат дека со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот  месец,  со писмо го известило Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од 6 месеци,  заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а согласно член 41 од Законот за патни исправи, – МВР во управна постапка издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд.

„Уште еднаш потенцираме дека согласно член 144 ст. 2 од ЗКП судот нема можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да се постигне со поблаги мерки, па во таа смисла и постапувал.

Затоа ја информирма јавноста дека судот постапувал исклучиво според Законските одредби како и мислењето дадено од надлежниот обвинител, а што се однесува до мерката за обезбедување присуство определна со решение на Апелациониот суд – Скопје, односно одземање на двете патни исправи на осомничениот, истата сеуште е активна и двете патни исправи се депонирани во судот“, се додава во соопштението.

А. П. 

 

Share191TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ