„Спилерс Рекордс“, најстарата музичка продавница, забрани продажба на албумите на светски познатиот музички автор Морисеј. „Би сакал да го сторев ова порано“ – вели сопственикот на „Спилерс“ од Кардиф, Велика Британија, откако пејачот даде поддршка на радикално десничарската партија „За Британија“.
Продавницата во Кардиф ја донесе одлуката заради поддршката на Морисеј десничарите. Морисеј дури и носеше беџ со партиското лого за време на настапот на американско ток шоу деновиве.
„Натажен сум, но не и изненаден на тоа дека „Спилерс“ не е во можност да ги продава албумите на Морисеј повеќе“ – вели сопственикот на продавницата, Ешли Тод. „Би сакал да го направев тоа порано.“
На овој потег на Морисеј, одговори и познатиот пејач со Јамајканско потекло, Џошуа Сртис со емотивна порака во отвореното писмо што го објави лондонски „Гардијан“. Тој во писмото вели: „Како црн тинејџер, го сакав Морисеј, но Бог знае, сега се чувствувам мизерно“, алудирајќи на еден од најпознатите светски хитови на Морисеј кој, на стари години одлучи да се приклучи на деструктивната страна на британската политичка сцена.
А. М.