• Latest

10 јуни: Апсење, бојкот, амбиции, распуст…

June 10, 2019
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 јуни: Апсење, бојкот, амбиции, распуст…

June 10, 2019 17:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уапсен Јахи Јахија од ДУИ, државен секретар во МИОА

Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, Јахи Јахија, функционер на ДУИ од Куманово, денеска е уапсен по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска.

Јахија е сомничен за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови. Секторот за организиран криминал и корупција од МВР извршил претрес во просториите на МИОА, сведочат вработени во институциите поставени во објектот на Нова Македонија кадешто се наоѓа и МИОА. Претрес се вршел и во куќата на Јахија каде тој бил затекнат и уапсен утринава. За високиот функционер на ДУИ неофицијално се очекува обвинителството да бара и притвор. Ова е првиот упасен функционер на ДУИ, по бројните реакции во јавноста дека органите на правдата ги штедат функсиомерите на оваа партија заради политички калкулации.

Чичаковски сака да биде судија

На денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македониа беше соопштено дека поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд.

Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.

Тој ќе биде запамтен во јавноста по аферата со делење бонуси заедно со другите членови на ДИК, заради што поднесоа оставки веднаш по парламентарните избори во 2016.

Откажана расправата за Предлог-законот за попис

Откажана е денешната расправа на собраниската комисија за европски прашања, на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис кој е планирано да биде реализиран во 2020 година.

ВМРО-ДПМНЕ се заканува дека ќе го бојкотира пописот ако власта не ги консултира

Зоран Заев продолжува со практиката на трговија со највисоките национални и државни интереси само за да се задржи што подолго на власт. Овој пат одлучи шверцерски, без консултации да изготви закон за попис на кој што по испробан рецепт му стави европско знаменце, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додаде дека доколку власта се одлучи да продолжи на таков начин на носење на законско решение за спроведување на попис кој што остава можност за сомневање во пописните резултати, остава можност ВМРО-ДПМНЕ и голем дел од граѓаните да не учествува во попишувањето организирано на начин спротивен на демократските процеси.

Гарантиран минимален приход земаа 25.794 домаќинства

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека денеска 25.794 домаќинства на нивните трансакциски сметки добија гарантиран минимален приход, која што за поголемиот дел од нив е зголемена за 100%. На сите овие домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток.  Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекуваме овие бројки да продолжат со растат.

„Навистина ми е драго што спроведувањето на реформата се одвива непречено и нашите најранливи граѓани конечно ја добиваат помошта која им е потребна. Со овие промени ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и го подобруваме квалитетот на предучилишното образование“, изјави Царовска.

Прва поштенска марка „Деца со ретки болести – Алпорт синдром“

Македонска пошта издаде нова поштенска марка посветена на децата со ретката болест Алпорт синдром. Марката денеска излезе од печат и е прва таква марка во светот издадена за оваа ретка дијагноза. Инцијативата за нејзиното издавање е на активистката за ретки болести, инаку вработена во Македонска пошта, Лолеска Гордана.

Заврши учебната година, проблемите останаа

И оваа година за дел од учениците заврши без некои потребни учебници, скриените трошоци ни одблиску не го направија бесплатно школувањето, наставните програми сеуште не се реформирани од времето на Груевски. Утре е последниот училишен ден 270 илјади средношколци и за 20.000 првачиња кои ја завршија учебната 2018/2019 година.

На полуматурантите им претстои запишување во некое средно училиште, а тие тоа може да го направат на 17 и 18 јуни, или за време на второто пријавување на 24 и 25 јуни.
ЦИВИЛ во минатото во неколку наврати реагираше за недостатоците во образованието, но од надлежните немаше никаква реакција.

Младите тетовчани со уметност против насилството

Креативната работилница „Обединети против насилството“ што ЦИВИЛ ја одржа во Тетово во соработка со Општина Тетово, СВР Тетово и основните и средните училишта помина во одлична атмосфера каде до младите теотвчани покажаа умешност и генијалност преку своите идеи и решенија во борбата против насилството.

Д. Муратов

Share65Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ