• Latest

Една година потоа – фактите за Преспанскиот

June 11, 2019

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Една година потоа – фактите за Преспанскиот

Сублимирано, договорот од Преспа и уставните измени практично ниту во идентитетска ниту во институционална смисла не загрозија  ништо и никого. Напротив, донесе бенефит и за државата и за сите нејзини граѓани. Гледано објективно, идентитетски најмногу за Македонците. Еве пак да биде појасно: Факт е дека нашава држава е единствената земја во светот запишана и во регистарот на ООН што се вика Македонија. Северна ама Македонија. Ниту една друга, само нашата

June 11, 2019 11:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Овој текст е дел од општите напори да се осветли процесот кој се форсираше и постигна цел. Многу важна актуелна и перспективна цел која на земјава конечно и ги прави проодни децениски блокираните интеграциски патишта. Од Преспанскиот договор помина една година. Македонија станува членка на НАТО и извесно е, годинава ќе ги почне и преговорите со Унијата. Без Преспанскиот и без уставните измени, од тоа ќе беше ништо.

Од  нејзиното основање па наваму државата Македонија, ако може така лаички да се дефинира, мина низ три неизбежни глобални еволутивни историски етапи. Низ Првата, Втората и сега третата Македонска Република. Првата од основањето на државата од АСНОМ 1944-та, втората од референдумот за независност во 1991-вата и оваа од Преспанскиот која еве една година го живее животот на третата Македонска Република. И во Првата и во Втората и во Третата, земјава беше Македонија, народот Македонски и граѓанките и граѓаните – граѓанки и граѓани на Македонија.

Држава запишана во регистарот на ООН е единствената државна конституција во светот што во своето име го има името Македонија. Република со парламентарно уредување и со географска додавка Северна. Одредница која и дома и во меѓународните релации само административно ја прецизира територијата на нашата земја во нејзините реални Асномски граници. Придавка која по својата суштина, гледано практично и реално, а не митски и романтичарски, конечно, прецизно и јасно ја посочува нашата територија во регионот Македонија кој и историски и географски е распослан на Север каде што сме ние, на Југ во Грција, дел на Исток во Бугарија и едно мало античко парче од регионот Македонија на запад во Албанија.

Приказната за една Македонија, за една цела наша античка Македонија отсекогаш била само приказна. Историско географски сон од времето на Аминта, Филип и Александар од пред повеќе од два милениума. Романтична бајка за некаков наш идентитет и историски континуитет од тогаш па наваму со црна дупка од цел милениум, од повеќе од десет века во кои нема никаков валиден историски запис.

Не беше лесно да се објасни нужноста од компромисот кој креираше нови кризи, фрустрации, будења од историско романтичарски соништа. Но и кој продуцираше трауми,  политизации, протести. Особено беше потребна и човечка и политичка храброст да се истурка целиот болен, но нужен процес. Да се објасни дека ниту се менува име, ниту се губи идентитет. Впрочем, цела година потоа од стравувањата поттикнати од манипулации поради тесни политички интереси, еве нема баш ништо. Единственото што е точно е дека договорот со Грција е компромис. Симетричен, асиметричен, праведен, неправеден, тој е. Затоа, наспроти манипулациите ајде по ред за фактите:

Прво, по неколку децении конечно е решен еден меѓудржавен соседски спор; Второ, за земјава се отстранија блокадите врз евроатланските интеграциски перспективи; Трето, Македонците го задржаа својот уникатен национален македонски идентитет;  Четврто, конечно се ослободивме од контроверзната ФИРОМ;  Петто, македонската држава го зацврсти својот меѓународен идентитет зашто е единствената запишана во регистарот на ООН како држава со име Македонија.

Сублимирано, договорот од Преспа и уставните измени практично ниту во идентитетска ниту во институционална смисла не загрозија  ништо и никого. Напротив, донесе бенефит и за државата и за сите нејзини граѓани. Гледано објективно, идентитетски најмногу за Македонците. Еве пак да биде појасно: Факт е дека нашава држава е единствената земја во светот запишана и во регистарот на ООН што се вика Македонија. Северна ама Македонија. Ниту една друга, само нашата. Дополнително, македонскиот народ е единствениот народ на светото кој зборува на својот македонски јазик исто така запишан во тетратките на ООН како јазик на народот кој живее во таа Македонија, Северна ама Македонија. Оттука, во вода паднаа сите политикантски манипулации за промена на државниот и на националниот идентитет. Македонија беше и останува Македонија и Македонците и пред и по Преспанскиот остануваат Македонци. Во Северна Македонија ама Македонци.

И на грчките прогресивни политички структури не им беше лесно да дојдат до компромисот. И таму се уште добар дел од ригидната грчка политичка и општа јавност се вџашува од помислата дека, наспроти нивниот истоимен регион, на север од нивната, постои држава со име Македонија. И дека има народ кој е дефиниран, институционализиран и меѓународно признат како македонски. И овој факт само потврдува дека договорот од Преспа не е асиметричен и дека е во историска полза на двата соседа.

Од сѐ, единствено е точно дека до спорот воопшто и не требаше да дојде. Дека тој од самиот почеток беше нелогичен, неразбирлив, нереален, ирационален. Но и многу други вакви и слични конфликти се несфатливи зашто се производ на политики, на политички истории, на романтизми и митови. Затоа големината на Преспанскиот договор и за Грција и за Македонија е и во тоа што тој ослободува од робување на историски заблуди одамна прегазени од ова глобално технолошко и информатичко време. И кај нашиот јужен сосед и кај нас, Преспанскиот договор е рационално и корисно будење од историските заблуди.

За потсетување, еве уште еден мал обид конечно да запрат  манипулациите за идентитетот и за сличните небулози. Уште збор два за поентите на уставните корекции содржани во четирите преспански амандмани наредени под броевите 33, 34, 35 и 36:

Триесет и три (33) го дефинира името, целото име, новото административно име „Република Северна Македонија“ или „Северна Македонија“. Факт е дека нашата држава е основана на северниот дел, на северниот регион од историската античка Македонија. Тоа е научен географски факт. Токму тој факт сега станува дел од името. Исто како и фактот дека името на државата останува Македонија.

Триесет и четири (34) менува по нешто небитно во преамбулата. Наместо „одлуки на АСНОМ “, ќе стои „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Патем, во воведниот текст на уставот и досега не беа содржани одлуките на АСНОМ, туку само се упатуваше на нив.

Дополнително, во преамбулата се вметнува и насловот на најновата уставна материја, „Охридскиот рамковен договор“. Со него, исто како сега со преспанскиот, во 2001-ва се променија содржините на највисокиот правен акт. Тогаш дури многу посеопфатно и подлабоко, вклучително многу порадикално и во неговиот воведен дел. Впрочем, преамбулата не е правна, туку историска емотивна категорија. Уставот е активен, оперативен и без преамбула. Таа не е дел од материјалната уставна содржина и во ништо не кореспондира со уставните правни нормативи.

Триесет и пет (35) допрецизира нешто што е веќе базично утврдено и со Повелбата на ООН дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“. И што има тука нејасно. Па нормално ги почитува. Нема белки со тенковите и со авионите на АРМ кои додуша ги немаме, да тргнеме на Солун и Халкидики. Или пак, сѐ уште има сонувачи за поход натаму со копјата на Александар?

Триесет и шест (36) е уште побениген, уште по бла, бла. Дефиниран е согласно  востановените меѓународни стандарди. Оваа одредба потенцира дека државата го заштитува историското и културното наследство на македонскиот народ и на сите граѓани и дека ќе се грижи за Македонците во странство и за сите свои државјани отаде границата и дека нема да се меша во работите на земјите каде што нашите се даночни обврзници.

Толку се и такви се уставните промени. Толку манипулации, а толку просто и јасно. Ниту изгубен ниту загрозен идентитет. Ниту бакрачи, ниту бутур. И по овие процеси Македонија останува единствениот меѓународен субјект, единствената држава во светот која во своето име и натаму ќе го носи милениумското Македонија. Идентитетски пак, Македонците остануваат единствениот народ во светот кој зборуваа на свој уникатен македонски јазик.

Балканските историски вистини и уште повеќе балканските историски митови во служба на дневните политики веќе доволно ги хипнотизираа балканските народи. Од премногу соништа и од премалку јаве и ние си ја уназадивме татковината. Ја закотвивме на последните скалила на европските егзистенцијални и културолошки вредности.

Убаво е да се ѕирка во историјата. Да нѐ вознесуваат и историските факти и  историските митови. Но оттаму, од минатото па наваму, возот вози само во еден правец. Со Преспанскиот сонот заврши.

Ни остана јавето. Тука и таму и уште по нешто од политичките манипулации на обете страни. Нив ги имало и ќе ги има. Затоа би било умно од овој добрососедски пријателски чин да го издвоиме нашето парче победа. Тоа ги нуди перспективите. Натаму, пак, сѐ е само до нас.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share88Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ