• Latest
Бранко Петровски

Насилникот на слобода, жртвата и семејството чекаат правда

June 12, 2019
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Насилникот на слобода, жртвата и семејството чекаат правда

June 12, 2019 10:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

Бруталниот напад во саботата, 18 мај, врз Бранко Петровски, сопственикот на менувачницата „Бис“ и кафулето „Гарсон“, резултираше со негово одложено хоспитализрањепо поради тешките по живот повреди, додека напаѓачот Спиро Чорогунов и ден денеска е на слобода. Петровски излезе од болница на домашно лекување по две недели, но здравствената состојба е уште критична, а самиот напад ќе остави трајни последици.

И додека Петровски во домашни услови уште ја чека правдата, Чорогунов слободно шета низ квартот, каде се наоѓа и неговиот хотел „Александар 2“. Семејството живее во страв од можноста за нови притисоци и закани. Синот на Петровски на својот Фејсбук профил потсети дека додека тој е на слобода никој во квартот не е безбеден.

„И по дури 25 дена одкако го претепа татко ми (речиси до смрт), Спиро Чорогунов повторно почнал да се шета во нашиот кварт како нормален граѓанин кој не сторил никакво кривично дело. Без тронка каење или срам се појавува повторно пред нашите очи на неколку метри од местото каде го сторил делото. Можеби мисли дека се позаборави. Кога ќе помислам како го удира, срцето ми се кине, а сега кога помислувам дека ќе го сретнам мислам дека и ќе ми застане… Инспекторот кој го води настанов е многу коректен и вети дека до крајот на оваа недела ќе биде сè завршено од негова страна. Татко ми нема да биде работоспособен 6 до 8 месеци. Ве молам споделете му го суратот. Мора сите да дознаат дека вакви “шерифи” шетаат низ град. И дека само поради финансиската моќ си дозволуваат да одземаат нечие здравје (мислејќи дека нема да одговараат за тоа). Да не му се случи на друг! Ова никогаш да не се повтори!“, напиша синот на Бранко Петровски на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2093455027621228&id=100008702524971

Чорогунов се поврзува со некои од влијателните луѓе од режимот на Груевски, за кои правдата уште не стигнала.

За потестување Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, кој се наоѓа во непосредна близина и на кафулето „Гарсон“ и на менувачницата.  Тешкиот инцидент се случил среде бел ден кога Чорогунов му ја фрла малата табла со реклама за менувачницата што таму стои цели 19 години. Откако Петровски се обидува да ја врати таблата, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето, со што му нанел скршеници на вилицата, носот и во пределот на десното око.

ЦИВИЛ го следи случајот и бара институциите навремено да реагираат. Поддршката на кон семејството од ден на ден се зголемува, а граѓанките и граѓаните отворено го искажуваат својот револт кон ваквите случаи на криминално однесување.

Б. Ј.
Share134TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ