Тимот на Центарот за современти уметности (ЦСУ) како дел од активностите поврзани со Креативни заедници постави гиантски велосипед на бул „Партизански одреди“ со цел да се подигне видливоста на проблемот со крадење велоспеди во земјата. Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.
Проблемот тангира преку 150 000 граѓани кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство, но за жал многумина велосипедисти изминативе години останаа без своите велосипеди кои организираните крадци на велосипеди ги крадат секаде и во секоја прилика.
Проценките се дека изминативе 10 години се украдени над 70.000 велосипеди односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед. Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000ти велосипед.
Урбаната акција „Гигантски велосипед“ ја спорведе ЦСУ – Скопје, со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).