• Latest
Илустрација: ARU.TV, медиумски проект на прогонувани руски новинари

А зошто Путин би ја нападнал Украина?

January 22, 2022
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

А зошто Путин би ја нападнал Украина?

January 22, 2022 09:00
in СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Илустрација: ARU.TV, медиумски проект на прогонувани руски новинари

Илустрација: ARU.TV, медиумски проект на прогонувани руски новинари

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР МАТОВСКИ

Постојната заканата од целосен руски напад врз Украина го држеше светот на работ од нервите во поголемиот дел од 2021 година. И со добра причина – напад од таква магнитуда веројатно би бил најзначајната инвазија на европска земја од помоќен сосед од Хитлеровиот напад на Полска во 1939 година.

Но, каква би била целта на ваков потег?

Како што се зголемуваа подготовките и заканувачката реторика на Русија, аналитичарите истакнаа дека уште една инвазија на Украина нема да има никаква смисла од гледна точка на надворешната и безбедносната политика. Доминантниот надворешно-политички аргумент е дека Русија се заканува со војна за да извлече отстапки од Украина и од Западот. Но, барањата на Москва, кои изгледаат јасно дизајнирани за да бидат отфрлени, го поткопуваат ова образложение.

Алтернативното објаснување – дека Русија се обидува да ја смени прозападната ориентација на Украина – претпоставува дека тоа е можно доколку Москва ја засили својата тековна агресија што е сега од понизок степен. Сепак, се чини дека овој пристап ги отуѓува, а не ги приближува Украинците во руското јато. Едно декемвриско истражување на јавното мнение дури сугерира дека една четвртина од традиционално проруското население во источна Украина, кое најмногу настрада од тековниот „замрзнат“ конфликт, ќе го земе оружјето в раце против уште една руска инвазија.

А, не е јасно дека и самите Руси би се согласиле со напад врз Украина. Истражувањата на рускиот независен центар „Левада“ покажуваат дека 62 отсто од Русите стравуваат од глобален конфликт, додека само околу 15-20 отсто го поддржуваат обединувањето на Русија и Украина. Овие ставови покренаа сомневања дали уште една војна би ги собрало Русите зад лидерството на Путин?

Пораст на јавното незадоволство

На Путин, сепак, можеби не му треба конфликт за да ги собере Русите зад себе, туку за да ја ограничи кохезијата на своето население. Во последниве години, јавната поддршка за владеењето на Путин падна на ново ниско ниво, додека народното незадоволство достигна рекордни височини. Според рускиот државен испитувач на јавното мнение WCIOM, на крајот на 2021 година само 25 отсто од Русите му верувале на Путин дека ќе ги реши нивните проблеми. Врз основа на податоците на „Левада“, пак, само 32 отсто од Русите би гласале за Путин. Овие бројки се околу половина од нивоата на доверба и поддршка што рускиот лидер ги уживаше до 2018 година.

Дополнително, 20-25 отсто од Русите се изјаснуваат дека ќе учествуваат на протести со политички и економски барања. Знаците на јавниот немир – и наглиот пораст на работничките протести во 2021 година – не се забележани уште од 1990-тите. Покрај овие грижи, народните бунтови ги разнишаа соседните диктатури во Белорусија и Казахстан до работ на колапс, заканувајќи се да ги мотивираат и Русите да го сторат истото.

Конфликтите смируваат незадоволство

Споредбените докази покажуваат дека дури и непопуларните конфликти, иницирани од автократии слични на руските, ефективно го смирувале масовното незадоволство од овој вид. Кога, на пример, српскиот моќник Слободан Милошевиќ поттикна последователни конфликти за да ги „заштити“ своите етнички сограѓани низ поранешна Југославија, огромното мнозинство Срби се спротивставија на војните. Сепак, овие крајно непопуларни конфликти му овозможија на Милошевиќ да ги преживее повторените масовни протести преку создавање општествени притисоци за усогласување, поделба на опозицијата и оправдување на внатрешната репресија.

Искуството во Русија е слично. Неодамнешното значајно истражување на политикологот Хенри Хејл открива дека три четвртини од оние кои се собраа за поддршка на Путин по анексијата на Крим во 2014 година, всушност го лажирале новооткриеното одобрување за рускиот лидер – поради страв од општествена критика од страна на руското мнозинство кое се чинеше дека станало повеќе милитантно-патриотски. Но, оваа лажна поддршка зад раководството на Путин имаше вистински ефект врз јавното несогласување. Неговиот рејтинг остана висок и протестите главно стивнаа повеќе од четири години.

Би војувал ли Путин надвор за да преживее дома?

Во иднина, рускиот режим со тешкотија би го спречил ваквиот развој на настаните без нов конфликт, од најмалку две причини. Прво, на Кремљ ќе му биде тешко да ја оправда актуелната кампања на внатрешна репресија и цензура без привлечна надворешна закана – како што е случај во време на војна. Во недостиг на закана од надвор, домашната политичка репресија може да има контраефект: до почетокот на 2022 година, Русите изразија рекордно висока загриженост за владиното самоволие и репресијата.

Вториот, подлабок мотив за инвазија на Украина лежи во намалената привлечна моќ на Путин. Истражувањето на „Левада“ од 2021 година сугерира дека Русите најверојатно ќе ги запомнат само покорувањето на Чеченија, зголемувањето на воената моќ на Русија и зајакнувањето на нејзиниот меѓународен статус како успеси на Путин во текот на неговото 22-годишно владеење.

Истовремено, Русите имаат речиси двојно поголема веројатност да ги наведат напорите на Путин да го подобри животниот стандард како неуспех отколку успех. Ова сериозно ги ограничува опциите на Путин да го оправда своето владеење, особено со оглед на мрачните економски изгледи на Русија. Во овој контекст, конфликтот во Украина може, парадоксално, да се покаже како побезбеден залог за смирување на зголеменото незадоволство и за зачувување на режимот на Путин.

Ваквиот одговор добро би се усогласил со природата на режимот на Путин. Како што објаснувам во мојата книга, избораните автократии според калапот на Путиновата Русија привлекуваат вистинска мнозинска поддршка преку ветување за ефикасно, силно вооружено владеење во општествата трауматизирани од кризи и нестабилност. Меѓутоа, избраните моќници стануваат вишок во очите на нивното население не само кога не успеваат, туку и кога ќе успеат да ја вратат стабилноста. За да го оправдаат своето владеење, тие мора да одржуваат или постојано да создаваат кризи.

Привлечната моќ на автократите

Со други зборови, избраните автократи се потпираат на кризи и конфликти за да ја воспостават и одржат својата привлечност. Путин се искачи на власт благодарение на етапно управуваната инвазија на Чеченија во 1999 година, која му овозможи да проектира имиџ на способен моќник кој може да ја „крене Русија од колена“ по катаклизмичниот постсоветски пад.

И кога „заморот од силниците“ ги сврте Русите против неговиот режим во 2011 и 2012 година, путинизмот беше реанимиран од друг конфликт. До 2013 година, повеќе Руси сакаа Путин да ја напушти функцијата отколку да остане уште еден мандат. Но, Путиновата анексија на Крим целосно го смени овој тренд. Откако Путин се појави како незаменлив заштитник на Русија, конфликтот во Украина му го отвори патот до уште еден лесен реизбор во 2018 година.

Но, Русите повторно се заморуваат од Путин, а истражувањата на „Левада“ покажуваат дека бројот на Руси кои сакаат тој да си замине од функцијата по неговиот сегашен мандат повторно ќе го надмине бројот на оние кои би сакале тој да остане претседател. Во 2024 година рускиот лидер се соочува со неговиот најконтроверзен реизбор досега, овозможен со уставни промени што ќе му овозможат да владее со Русија доживотно. Со ваква позадина, искушението да се поттикне уште еден конфликт во Украина може да стане огромно.


д-р Александар Матовски

Д-р Александар Матовски, поранешниот советник за национална безбедност во владата на Владо Бучковски, денеска е професор на одделот за прашањата од национална безбедност на Поморската школа за постдипломски студии на Американската морнарица во Монтереј, Калифорнија и автор на книгата “Popular Dictatorships: Crises, Mass Opinion, and the Rise of Electoral Authoritarianism” (Cambridge University Press, 2022). Во својата анализа објавена во „Вашингтон пост“ неделава тој аргументира зошто, за Путин, надворешната војна во Украина има смисла за справување со внатрешните проблеми во Русија.

Преземено од Слободен печат

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ