Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, по прес конференцијата на Самиотот Отворен Балкан во Белград, на која беше споделена информацијата дека во Црна Гора е постигната согласност за формирање Влада, истакна дека според последните информации со кои тој располага, во тек се преговори за формирање влада, во која ќе се вклучат истите оние кои ја поддржале ДПС да падне претходната влада чиј премиер беше тој.
Преговорите се водат според истиот документ кој го предложила УРА пред да падне Владата, а кој тогаш не бил прифатен. Абазовиќ кажа дека мисли на Демократите, кој го поддржаа ДПС во интерпелацијата на претходната влада. Најверојатно, според Абазовиќ, сега тие му свртеле грб на ДПС.
Абазовиќ истакна дека без УРА не може да има влада, а доколку некои сакаат да одат со ДПС, тој им посака среќа. На прашањето дали се гледа како старо-нов премиер на црногорската влада, тој одговори дека сега на Црна Гора и треба храбар лидер, кој ќе ја спроведе земјата низ кризниот период, а со оглед дека паѓањето на Владата беше поради борбата со организираниот криминал, тоа би требало да биде кандидат кој нема никакви хипотеки кон овие структури во Црна Гора.
Драган Мишев