• Latest

Абе како му беше името, Макрон, Орбан или Грујо

November 11, 2019

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Абе како му беше името, Макрон, Орбан или Грујо

Макрон истакнува дека Балканот мора да остане политички регион надвор од границите на административна Европа што неминовно најавува нови воени судири во блиска иднина. Се чини дека Франција сеуште е обземена со духот на колонијализмот и империјализмот од минатото бидејќи се труди ова полуостров да го стори како потрошна банкарска регија, во која преку нивни “инвеститори“ ќе заработува енормно високи суми а за возврат нема да добиеме ништо.

November 11, 2019 10:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ХУСЕИН АДЕМИ

Откако ЕУ остана со ширум затворена уста пред одлуката на Макрон, тој отворено и дрско почна да се однесува како ултра десничарски дилетант по урнек на Орбан и неговиот другар, бегалецот Грујо. За само една недела Макрон предизвика вистинска бура на емоции на Западниот Балкан. Во Белград се обидува на српски јазик да комуницира со Вучиќ, злосторникот од Сараевската опсада во 92-та година од минатиот век, со нас се однесува како да сме на маргините на некоја болница за умно пореметени идиоти а кулминација на неговото политичко делување е кога ја коментира актуелната политичка состојба во БиХ, користејќи го ултра националистичкиот вокабулар на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ која беше член на ХДЗ од времето кога Туџман се обидуваше босанскиот град Мостар да го стави под управа на хрватската држава.

Но, да не бидеме наивни и да веруваме дека ова е само моментално расположение на Франција. Не, тоа никако! Она што во моментот застрашува е реалната можност освен Франција, истиот став да го имаат Белгија и Холандија бидејќи Макрон упорно ја наметнува теоријата за потребата на ново балканско политичко соединување по теркот на комунистичка Југославија но, овој пат без Словенија и Хрватска чиешто место ќе го завземе нова политичка унија рефлектирана помеѓу алијансата на Албанија и Косово од една страна и Србија и Република Српска од друга страна. Во тој контекст Макрон деновиве во манир на вистински политички демагог повторува како БиХ е легло на исламски терористи кои по враќањето од светските воени региони ќе внесат нов немир и хаос во напатената БиХ а тоа претставува директна закана за безбедноста на Европа. Ваквото кокодакање Колинда Грабар Китаровиќ упорно го повторуваше во минатите година дена а сега одеднаш Макрон ја превзеде улогата на нејзин гласноговорник. Српската политичка опција му одаде признание на Макрон за овој “генијален“ став и Додик поита да му честита за “длабоката“ анализа која конечно Европа почна вистински да ја разбира. Македонијата ни, Макрон ја спомна како проблематичен регион во којшто албанската популација завзема голем дел од териториите на нашата земја, Албанија и Косово и тоа де факто не било добро за Европа!!

Да се разбереме, БиХ е легло на џихадисти колку што С. Македонија е светски шампион во фудбал! Најголемите чети на ИСИС од европско тло не тргнаа од БиХ туку од Франција и Белгија! Патем речено, Белгија и Холандија ги спомнав бидејќи и тие како Франција имаат колонијалистичко минато и таму се развива идеја слична на онаа на Орбан а богами сега и на Макрон. Не дека Балканот ќе биде причина ЕУ да се распадне туку тоа ќе се случи доколку продолжи погубната и инфериорна политика на Европа кон нас бидејќи таквата политика е почеток на оживување на десничарската радикална опција која сигурно се заканува да ја уништи европската демократија со сите нејзини вредности.

Макрон истакнува дека Балканот мора да остане политички регион надвор од границите на административна Европа што неминовно најавува нови воени судири во блиска иднина. Се чини дека Франција сеуште е обземена со духот на колонијализмот и империјализмот од минатото бидејќи се труди ова полуостров да го стори како потрошна банкарска регија, во која преку нивни “инвеститори“ ќе заработува енормно високи суми а за возврат нема да добиеме ништо. Ако веќе сакаат да не колонизираат, тогаш барем нека ни изградат добра и модерна инфраструктура како што сторија Британците со Индија бидејќи нашиот корумпиран политичар тоа не умее да го стори, па барем овие европејците да ни остават нешто откако во потполност, онака уништени ќе не напуштат. Дај Боже да грешам.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ