„Проектот „Европски перспективи (следно ниво)“ е исклучително важен проект со важни општествени теми како што се реформите во образование, борбата со хибридните закани, како и изборните реформи. Се залагаме за отворени листи за советници, тоа е тестирање на нашиот изборен модел кое ќе биде тест дали може да се имплементира и во парламентарните избори“, истакна Арбер Адеми, претставник на партијата ДУИ, на конференцијата на ЦИВИЛ на тема „Изборните реформи во пресрет на локалните избори – постигнувања и предизвици“.
Ние ја почитуваме волјата на гласачите и ја разгледуваме опцијата за еден круг гласање за градоначалник.
Треба да имаме консензус од сите политички партии и заедно да ги усвојуваме законските решенија. Да не се водиме само од партиските интереси, додаде Адеми.
Д. Муратов