• Latest

Адеми ќе побара детали од ДПИ по тврдењата од родители за различно постапување

October 31, 2019
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
Скриншот од видео на
Times News

Украина не треба да му дава ништо дополнително на „терористиот“ Путин- изјави Зеленски, додека Трамп вели дека Путин „ќе земе нешто“

October 20, 2025
Газа. Фото: Х

Примирјето во Газа го преживеа првиот голем тест, Израел и Хамас ја потврдуваат посветеноста на договорот

October 20, 2025
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Адеми ќе побара детали од ДПИ по тврдењата од родители за различно постапување

October 31, 2019 14:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска изјави дека е е во комуникација со Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и ќе побара информации зошто различно постапувале за исти случаи во врска со  наставата на невакцинирани  деца. Инспекцискиот совет на денешната седница разгледува претставки од родители на деца кои оваа година не биле запишани во прво одделение и кои се незадоволни од постапувањето и тврдат дека за исти случаи просветни инспектори постапувале различно.

Според Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на Инспекцискиот совет, претставките даваат наводи дека во минатото некои просветни инспектори за незапишани првачиња се воделе по начелото за забрана на дискриминација на децата, а во изминатите неколку месеци се воделе согласно одредбите на Законот што се однесуваат на вакцинацијата и неопходната потврда за примени вакцини за упис во основно училиште.

Од причина што овие две работи се опфатени со Законот за основно образование, а Инспекцискиот совет, како што рече таа, нема надлежност да го цени спроведувањето на законот или да го толкува, побарале од Министерството за образование и наука да се произнесе во однос на двете прашања, односно дали некој од инспекторите погрешил. Досега, рече Филиповска-Грашкоска, се уште не добиле одговор, а тој став од МОН им е неопходен.

Гордана Гоџо од Здружението од „Нас за нас“,  кое тврди дека  се работи за дискриминација при упис, изјави дека досега се поднесени над 60 претставки од родители до Државниот просветен инспекторат.

Во врска со податоците што од МОН ги бара Инспекцискиот совет како крајна инстанција што го толкува Законот за основно образование, министерот рече дека сите материјали од МОН се достапни.

-Каков било материјал, дали е предвиден за пристап на информации од јавен карактер, секој материјал што произлегува од Министерството за образование и наука е достапен, рече Адеми во изјава за медиумите на Саемот за студии во Франција.

Соопшти дека бројот на незапишани првачиња поради недоставена потврда за примени задолжителни вакцини е 189 и тоа се податоци од ДПИ.  На седница ја запознал Владата за бројот на незапишани деца, а од Министерството за здравство, рече, е известен дека периодот на епидемија на морбили ќе заврши.

-Со Министерството за здравство ја следиме ситуацијата со морбилите која сега е порелаксирана. Во тие училишта каде што има потреба за теренска вакцинација, ќе ја обезбедиме, се со цел да бидат исполнети и обврските од Законот за основно образование, но да се обезбеди и право на образование на секое дете. Како министер за образование и наука, сум заинтересиран секое дете да седи во училишните клупи, истакна Адеми.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот рече и дека е запознат со барањата на Независниот академски синдикат од каде што вчера информираа дека се потребни 400 нови вработувања (300 на УКИМ и сто на другите јавни универзитети и научни установи).

Нагласи дека и за високото образование, како и за основно и средно, се понудени 10 проценти повисоки плати од април, покрај 5 отсто што вработените во високообразовните институции ги добија во септември.

Нова средба со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) ќе има утре и очекува, како што рече, низ конструктивен дијалог да се најде заемно прифатливо решение.


извор МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ