• Latest
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
Фарид Закарија во ГПС на Си-ен-ен разговараше со Бил Гејтс, 27 септември 2026 (скриншот)

Бил Гејтс за Си-ен-ен: Вештачката интелигенција налага контрола, светот не смее да се залажува

September 28, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Удбашката култура на владеење

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026
Александар Вучиќ (ФБ профил)

БАЛКАНСКИ ПОЛИТИЧКИ МАНЕВРИ: Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Христијан Мицкоски, ОН, 25 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

ИЗЈАВА НА НЕДЕЛАТА: Христијан Мицкоски во ОН

September 28, 2026
Андриј Сибига (Фото: УКРИНФОРМ)

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

Според веб страната на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите, на вчерашните локални избори во првиот круг избрани се градоначалници во 44 општини

October 20, 2025 09:10
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Фото: ДИК

Фото: ДИК

Share on FacebookShare on Twitter

Според веб страната на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени 99,94 отсто од гласовите на избирачите, на вчерашните локални избори во првиот круг избрани се градоначалници во 44 општини, од кои најмногу има ВМРО-ДПМНЕ со освоени 32 градоначалнички места.

Во оваа бројка не влегува општина Старо Нагоричане, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на границата со 50 отсто освоени гласови.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг имаат градоначалници во следните општини: Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и  Штип, додека Старо Нагоричане е граничен случај, бидејќи, како што веќе наведивме погоре,

СДСМ во првиот круг освои градоначалнички места во 3 општините: Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

Според податоците на ДИК, коалацијата ВЛЕН во трката за градоначланик во првиот круг победи во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце., додека коалцијата НАИ, предводена од ДУИ, во првиот круг се избори за градоначалници во Гостивар, Липково, Пласница и општина Чашка.

Iзборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегоа најмалку една третина од запишаните избирачи.

Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија, објавени утрово во 7 часот на нивната веб-страница,  од обработени 100 отсто од избирачките места во главниот град, најмногу гласови во Советот на Град Скопје освои колацијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, (35,15 отсто), на второ место е Левица (11,83 отсто), на трето е коалицијата ВЛЕН(11,77 отсто), на четврто коалицијата предводена од ДУИ (11,64 отсто), а петти е СДСМ со коалицијата (10,56 отсто)

Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, со освоени 39,43 отсто од гласовите на скопјани или 91 582 гласа, и актуелниот пратеник на Левица во Собранието, Амар Мециновиќ, кој освои 13,20 отсто од гласовите или во апсолутни бројки, 30 659 гласови, одат во вториот круг за избор на градоначалник на Град Скопје, што ќе се одржи на 2 ноември.

Фото: ДИК

На трето место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу со освоени 12 отсто гласови или 27 864, додека кандидатката на опозициската СДСМ, Каја Шукова, според првичните неофицијални резултати доби 26 714 гласа или 11, 50 отсто.

М. Д,

Tags: ДИКЛокални избори 2025
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ