• Latest

Адвокатот на Каили: Нејзината позиција е дека не знаеше за парите во нејзиниот дом

December 14, 2022

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Адвокатот на Каили: Нејзината позиција е дека не знаеше за парите во нејзиниот дом

December 14, 2022 09:58
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Позицијата на Каили е дека парите што беа најдени во нејзиниот дом, а ги донел нејзиниот партнер, не знаела дека постојат, а кога дозна, без да знае од каде потекнуваат, побара да бидат отстранети и да му бидат дадени на сопственикот, вели адвокатот на Ева Каили, Михалис Димитракопулос за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитракопулос, заедно со двајца адвокати од Белгија се правните застапници на, сега веќе поранешната, потпретседателка на Европскиот парламент, а во интеревјуто за „Скај“ објасни дека во изминатите два дена телефонски разговарал со Каили и ја повтори нејзината позиција дека не е виновна и нема никаква врска со парите.

Кога ги открила парите во нејзиниот стан, според адвокатот, побарала од нејзиниот партнер да му ги пренесе на лицето на кое му припаѓаат, а во процесот на пренесување бил вклучен и татко ѝ.

Адвокатот истакна дека не може да го открие ниту името на сопствениот, ниту точниот износ и додаде дека никој не знае дека парите потекнуваат од Катар.

-За сите прашања постојат одговори, но постои договор со другите двајца адвокати од Белгија да се задржи доверливоста на процесот, рече адвокатот.

Со оглед на тоа дека за денеска е закажано сослушувањето и одлуката на судот дали Каили ќе биде притворена или ослободена, Димитракопулос откри дека поради штрајк во Белгија, постои веројатност поранешната потпретседателка на ЕП да не може да стигне до судот, па нејзините адвокати да побараат одложување за следниот вторник.

Во однос на патувањата и средбите во Катар, Кувајт и Оман, адвокатот на Каили истакна дека посетите биле по одлука и наредба на претседателката на Европскиот Парламент, во рамките на централната политика на ЕУ со земјите од Заливот.

Tags: Европски парламентКаили
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ