Адвокатот на Јордан Камчев, Тони Менкиновски беше дел од тимот на ВМРО -ДПМНЕ кога власта и опозицијата го договараа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Опозицијата, а вклучително и Менкиновски се противеа на изгласување на Законот во парламентот.
Предлозите на Менкиновски во врска со законот одеа во насока на затворање на предметите на СЈО, односно, за спас од одговорност за криминалот и корупцијата на функционерите на ВМРО –ДПМНЕ.
Менкиновски е воедно и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се појавува и како адвокат на Камчев во предметот кој се однесува на купување плацеви на Водно од страна на Никола Груевски, каде тој е првоосомничен, а второосомничен Сашо Мијалков. Според истрагата за овој предмет, Груевски дел од донациите за финансирање на партијата ги примал лично и не ги прикажувал во завршните сметки и финансиските извештаи на партијата. На тој начин собрал вкупна сума од околу еден милион и 300 илјади евра, пари со кои во периодот од есента 2012 до есента 2013 година Груевски купува градежно земјиште на Водно, преку фирма која е фирма ќерка на фирма од Белизе а истата е управувана од неговиот кум Новачевски.
Одлуката за притвор за неговиот клиент Јордан Камчев, Менкиновски ја нарече скандалозна и дека во документот за притвор се наведуваат тврдења без докази, додаде дека ќе следува жалба на притворот, но и нагласи дека еден ден и судот во Стразбур ќе пресуди дека му се прекршени човековите права.
„Сите мерки за овој предмет кој трае надвор од законскиот рок за истрага, скоро 30 месеци, каде што сѐ уште не е подигнато обвинение, сите мерки се исполнети, даден е капитал како гаранција, дадени се пасошите и Камчев воопшто нема зошто да бега. Доби притвор само врз база на некаква пријава “, рече Менкиновски.
Јордан Камчев е осомничен и во делото „Империја“ заедно со други десетина лица незаконски за незаконско градење финансиска пирамида, перење пари, пренесување нелегални средства по сметки.
М. Д.