• Latest

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за Ѓорчевски

January 9, 2024
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за Ѓорчевски

January 9, 2024 13:45
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, бара куќен притвор за неговиот клиент, кој е меѓу осомничените за кого Обвинителството соопшти дека споделувал информации со извршителите на убиството за движењето на неговата ќерка.

Според Туфегџиќ, не е оправдана ниту една мерка за таткото на Вања.

– Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае. Иако кон осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката куќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија, изјави Туфегџиќ.

Појаснува дека до надлежниот Јавен обвинител е доставена ургенција за постапување.

– До надлежниот Јавен обвинител е доставена ургенција за постапување со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага, кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица превземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан, вели Туфегџиќ.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се наоѓа во притвор во Скопје, додека Обвинителството ја води истрагата за убиството на неговата 14-годишна ќерка која беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември минатата година, јави МИА.

Во притвор се и осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се товарат за соучество во убиството, кое според првичните информации, го извршил Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција.

Шестоосомничениот кој исто така е во притвор, е Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ