Македонската православна црква, Вардарска епархија предводена од владиката Агатангел, два дена по повод празникот Мала Богородица на верниците им подели промотивни флаери против промена на името. Исто така овие материјали се делени по куќите во близина на црквата Св. Богородица во Велес.
По улиците на Велес, како што јавува долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ, вчера истите флаери ги делела навивачката група „Гемиџии“. Денеска, според информациите се очекува „Гемиџиите“ да делат ваков материјал и на фудбалскиот натпревар Борец – Кожув со почеток во 15:30 часот, со цел да ги убедат присутните да го бојкотираат референдумот.
Тим за анализи и координација на ЦИВИЛ