• Latest

Ахмети: Албанците никогаш не биле проблем во спорот за името

June 29, 2018

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ахмети: Албанците никогаш не биле проблем во спорот за името

June 29, 2018 07:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа изјави дека Албанците не биле спомнати во Договорот за спорот со името бидејќи никогаш не биле проблем во спорот.

– Албанците биле активен дел кој придонел за решавање на овој спор, да не бидеме заложници на овој нерешен спор…ова прашање беше спор меѓу нашите македонски сограѓани и грчката страна и јавно се познати реакциите кои ги имаше грчката страна, почнувајќи од античкиот период или инсталирањето на ликови, личности кои му припаѓаа на античкиот период. Најголема грижа во тоа време за грчка страна беа именувањето на аеродром „Александар Велики“, на автопатот, поставувањето на споменикот, рече Ахмети додавајќи дека грчките власти сметале дека со тоа се покажуваат територијални претензии во интервју за емисијата „На патот кон“ на ТВ Алсат-М..

Кажа дека имал серија средби со грчките власти вклучувајќи ги и министрите за внатрешни работи на Грција во изминатите 10 години и дека инсистирал на барањето да не прекинат односите меѓу Р.Македонија и Р.Грција и да не се продлабочи јазот, туку да се изнајдат заеднички позиции и дека ги убедил оти нема никаков проект за промена на границите во регионот.

На прашањето дали името Република Северна Македонија го одразува и идентитетот на сите Албанци, Ахмети рече дека тие се согласиле државата да се нарекува така.

– Во Република Македонија, живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи…Ние сме дел од Уставот на РМ и нема никаква дилема дека Албанците се во нивното место и во нивната држава, вели Ахмети

Во однос на добиенот датум за преговори, оцени дека тоа е важен момет за Република Македонија.

– Ова е многу важен момент за РМ, ова е многу добра можност до јуни следната година да се направат и тие работи, односно да се дојде до тие стандарди кои се неопходни за членство во ЕУ, рече Ахмети.

Одлуката за препорака за датум за преговори, според него е одлука на компромис имајќи разбирање за тие две земји кои не дадоа зелено светло, туку „портокалово светло на семафорот“.

– Но, според мое и мислење на многу политичари, практично Република Македонија ги започнува преговорите со ЕУ , рече Ахмети.

Тој очекува албанската дијаспора да се вклучи во гласањето на референдумот за Договорот за решавање на спорот за името.

– Дијаспората е одговорна и свесна за да учествува и ќе се организира активно да биде учесник на референдумот за да ја запечати евроатлантската иднина на нивната земја и држава, рече Ахмети.

На прашањето дали очекува масовно учество на Албанците од дијаспората на референдумското изјаснување, Ахмети, повикувајќи се на поддршката од над 90 проценти за стратешките цели, вели дека несомнено оти Албанците масовно ќе одговорат на референдумот за да се зачлени нашата земја во ЕУ и НАТО.

– Мислам дека политичките партии ќе работат, ќе ги мотивираат за да се организираат Албанците со цел да се дел од овој процес. Ова е незапирлив процес кој ќе продолжи и понатаму, бидејќи луѓето бараат подобар стандард, подобри животни услови, работни места, вели лидерот на ДУИ. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанциАли Ахметииме
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ