• Latest

Ахмети: ДУИ, партија за развој и нови политики (ВИДЕО)

June 5, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ахмети: ДУИ, партија за развој и нови политики (ВИДЕО)

June 5, 2021 17:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес по повод Светскиот ден на животната средина – 5 јуни и 19-годишнината од основањето на партијата и откривањето на новата партиска платформа, денес организираше манифестација на која одржа говор пред младите преку кој ги најави и новите партиски чекори.

Во продолжение е интегралниот говор на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Денеска е 5 јуни, денот на основањето на Демократската Унија за Интеграција пред 19 години, но и Светскиот ден на животната средина.

Нашата политичка организација, најуспешна во историјата на оваа земја, се роди како потреба на времето, како сила обврзана од граѓаните со цел да воспостави еднаквост преку целосната имплементација на Охридскиот Рамковен Договор, легализација на високото образование на Албански јазик , децентрализацијата, националните симболи и култура, Албанскиот јазик, правичната и соодветна застапеност, интеграцијата во НАТО, добивањето на зелено светло за членство во Европската Унија, заедно со уште многу други приоритети на нашите граѓани.

Со текот на времето, овие барања и потреби на граѓаните се надополнија со многу други, како што се развиваше општеството, потребите на граѓаните се зголемуваа, па затоа и ДУИ се прилагоди на времето и остана адреса на прифаќање на барањата на граѓаните и нивната целосна имплементација.

Се изградија училишта, болници, градинки, патишта, инфраструктура, театри, се формираа нови институции, станавме господари на самите себеси и корисни за нашата земја.

Денес се наоѓаме во околности што се чинеа невозможни пред една деценија, околности кога Албанците претседаваат со Собранието, ја водат и владата, дипломатијата, финансиите, полицијата и армијата, судството заедно со други важни институции и го прават тоа најдостоинствено.

Затоа, по усвојувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор и неговото секојдневно спроведување, темелните реформи, членството во НАТО и запечатувањето на европската иднина, време е Демократската Унија за Интеграција целосно да се фокусира на квалитетот на животот, условите на секојдневниот живот, развојот, квалитетното образование и здравје, неселективната правда, дигитализацијата, социјалните политики, инфраструктурата, економијата и животната средина.

Една млада девојка, Грета Тунберг, го обиколи светот со алармот за климатските промени и еколошката политика и сите и ја отворија вратата. Сега дојде време и ние да ги прифатиме овие политики, за една зелена, безбедна, развиена и здрава иднина.

Ова е она што вие, младите, го барате. Младите гласно бараат услови за живот исти како и нивните врсници на Запад, работни места, модерна животна средина со чист воздух, чисти води, планини и зелени полиња, модерни патишта и железници, зелена енергија, училишта, градинки и болници со енергетска ефикасност, безбедни и современи.

Ве гледам пред мене, сите млади. Во мојата младост, реките беа толку чисти што ние ја пиевме таа проточна вода.

Денес тие реки се толку загадени што претставуваат ризик по здравјето и животната средина. Денес гледам напуштени планини, диви депонии во секоја населба и не секогаш заради институциите, но и заради нас.

Сите ние заедно имаме одговорности за местото каде што живееме, сите дишеме ист воздух, сите пиеме иста вода, сите нас не грее истото сонце, сите ние се храниме од оваа земја.

Драги пријатели, драга младина, климатските промени се егзистенцијална закана за животната средина, здравјето и економијата.

Затоа, денес, на 19-тиот роденден на Демократската Унија за Интеграција, во согласност со Резолуциите усвоени на нашиот последен Конгрес, започнуваме нова политика, нов начин на водење политика и директно дејствување, надвор од етничките права, развојот и интеграцијата, политика за еколошка правда, квалитет на живот.

Денес, Демократската Унија за Интеграција во целост ја прифаќа оваа зелена агенда како дел од Европскиот зелен договор и ја додава на нејзините програмски столбови како еден приоритет.

Зелената агенда драги пријатели значи квалитетен живот, работни места и развој, особено во постпандемискиот период и неговото негативно влијание врз економијата, работните места, здравјето и животот воопшто.

Парите посветени на зелената агенда се инвестиција затоа што животната средина и економијата се меѓусебно поврзани, тие се инвестиција во јавното здравство, во заштитата на животната средина, во пристапот до чиста вода и воздух, во чистењето на депониите, во намалување на емисиите на гас, патишта и квалитетни железници, гасификација и зелена енергија, влијае и на квалитетот и следствено и на нашиот животен век, менталното здравје, спречувањето на катастрофи кои ќе чинат многу повеќе, често дури и со живот.

Денес, кршењето на зелената агенда и загадувањето на животната средина е закана за безбедноста, како и корупцијата и организираниот криминал, така што владата, општините и сите наши институции мора да се придружат и ние ќе се посветиме на ова, да станеме регионални и европски лидери во политиката на зелената агенда.

Затоа драги пријатели, добредојдовте во Демократската Унија за Интеграција, политичката партија на развојот и работните места преку зелената агенда, ДУИ која покрај еднаквоста, развојот и евро-атлантскиот дух, се грижи и за воздухот, водите, земјата, природата како предуслови за развој и квалитетен живот.

Вие што сте тука, нашите членови, нашите гласачи, но не само, скоро сите граѓани на нашата земја ја знаат нашата конзистентност, одржливоста на нашите политики и секој знае дека она што го кажуваме, и го реализираме.

Веќе 19 години сме столб на стабилност, мир, безбедност, еднаквоста и континуитетот и остварувањето на евроатлантскиот сон. Никогаш не се помрднавме од нашите цели, за ниедна цена.

Отсега натаму, да станеме столб на заеднички и квалитетен живот, како што ставивме катанец на Југохром како еден од најголемите загадувачи на целиот Полошки регион, или како што ја претворивме Шар планина во национален парк.

Еден живот и едно сонце, ист воздух и иста вода, една земја и една планета делиме заедно.

Да се ​​грижиме за нив, без етнички разлики, без верски разлики, без партиски, културни, образовни, социјални разлики и од кој било друг вид.

Ние и нашите потомци, имаме само еден живот да го живееме и да им ја оставиме на нашите деца оваа планета со бесконечни можности за понатамошен развој, затоа што немаме право да ја уништуваме иднината на генерациите по нас.

Честитки и нека ни е со среќа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ