Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, преку Фејсбук објава упати честитка по повод празникот 2 август – Илинден.
Пред 119 години, патот до слободата ќе започне од Крушево, долго, но триумфално патување, предизвик по предизвик, благодарение на подготвеноста на многу генерации на ова подземје да застанат заедно околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот.
Инспирирани од тоа заедничко востание во 1903 година, заедно не дозволивме наша општествена декаденција, ги поразивме идеологиите на поделби една по друга во дискриминаторските системи, за да ги изградиме со Охридскиот договор темелите на еднаквоста како што доликува на една демократска земја и како што почнавме пред 119 години.
Сега, благодарение на сите тие храбри процеси низ кои поминавме, ние сме земја членка на НАТО, пример за мировни процеси и решени заедно да го продолжиме ова вековно патување на победите кон интеграција на земјата во Европската Унија. Честит празник на сите граѓани на државата!“, напиша Ахмети во честитката.
Д.Мишев