Лидерот на ДУИ, Али Ахмети со злоупотреба на дете во промотивен спот ја започна политичка кампања, со што го прекршува Член 12 став 4 од Закон за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“.
Ова, според нашиот правен консултант, подразбира општа забрана за употреба на децата во било каква форма на политичко дејствување, вклучувајќи и политичка изборна кампања, каков што е и спотот на Ахмети.
Исто така кандидатот на ДУИ за општина Гостивар, Невзат Бејта со спонзорирана содржина на Фејсбук заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети е фотографиран со малолетно дете.
ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии!