„Блокадите не се катeгoрии на демократијата“, вака лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ја коментираше најавата за блокада на работата на Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Беса.
– Демократијата се унапредува со дебати и компромиси. Ние сме држава што ги унапредувала овие вредности, не мислам дека блокадите и бојкотот ќе ни служат за да се движиме напред, изјави Ахмети.