• Latest
Фото: Креирано со помош на ВИ

Ајде да летаме – од аеродромот во Тирана

July 22, 2025

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ајде да летаме – од аеродромот во Тирана

July 22, 2025 15:37
in ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Креирано со помош на ВИ

Фото: Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампањаДРАГАН МИШЕВ

Во своето последно неосновано кочоперење со „колосалниот успех“ во развојот на авиосообраќајот во државава под власт на ВМРО-ДПМНЕ, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на 25 мај на социјалните мрежи сподели радосна вест за воведување на нова авиолинија од Скопје до Ларнака, Кипар, која ќе стартува од 31 октомври, пофалувајќи се дека ова е 11-та нова линија за 10 месеци, и е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, и дека субвенциите и политиките на Владата за развој на авиосообраќајот даваат резултати.

Претходно, како грандиозното достигнување, и тоа по првите 100 и кусур дена од доаѓањето на власт, Николовски најави дека од оваа година од аеродромите во Скопје и Охрид ќе се лета до дури шест нови дестинации: четири од скопскиот аеродром, од кои 3 на нискобуџетната Визер (Барселона, Лион и Штутгарт), а четвртата е на „Флај Дубаи“ на релација Скопје-Дубаи-Скопје, додека од охридскиот аеродром ги најави линиите до Базел со Визер и до Истанбул на Туркиш ерлајнс.

Но, по само неколку дена од историскиот успех на министерот Николовски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека се прославуваше и коваа планови за уште поголем успех на вториот повик планиран за крајот на ноември , студен туш пред почетокот на зимскиот ред на летање. Унгарската нискобуџетна авио- компанијата Визер, објави дека укинува три авиолинии од Скопскиот аеродром: за Келн, Копенхаген и Стокхолм.

Следеше уште еден студен туш во ладниот февруарски ден, откако унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ објави дека од 9 март ја укинува и линијата Скопје–Будимпешта, без официјално објаснување дали ќе ја врати во октомври, и тоа откако кон крајот на јануари Николовски изјави дека е многу горд на неговите и владините политиките на подршка на субвенционирање кои повторно ќе го вратат „стариот сјај“ (?) на скопскиот и охридскиот аеродром со 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнале процедурата.

Но, домашниот есап никогаш не е ист со есапот на пазар. Ајде да видиме како тоа изгледа низ бројки.

Соодносот помеѓу авио линиите кои ги опслужува унгарската нискобуџетна авио компанија Визер од аеродромите во Тирана и Скопје е 62 : 34, при што Тиранскиот аеродром има воведено нови 4 линии за разлика од октомври, кога соодносот беше 58 : 34. Дополнително, тиранскиот аеродром во редот на летање има и 21 рута со директни летови на нискобуџетниот РајанЕр, додека скопскиот и охридскиот аеродром се уште го немаат РајанЕр во своето портфолио.

Затоа сé поголем број македонски граѓани одлучуваат полетна точка до некоја европска дестинација да им биде Тиранскиот аеродром. Кога пред некоја година за прв пат летавме со семејството од Тиранскиот аеродром, до сега можам да посведочам на енормниот развој на овој аеродром, кој секоја година сé повеќе ги проширува своите капацитети. Истовремено, се развива и околината, никнуваат сé повеќе хотели и ресторани во близина на аеродромот, а особена погодност се ( покрај аеродромскиот паркинг, кој е цeлосно покриен и автомобилите се под сенка и заштитени од други метеоролошки појави) приватните паркинзи во непосредната околина каде можете да го оставите автомобилот за 3 евра на ден, односно 33 евра за 11 дена, или во денарска противвредност, малку над 2000 денари. За разлика од Тирана, на скопскиот аеродром, на пример, кој е единствен во околината на аеродромот (дури и не смеете да застанете на улицата пред паркингот, аеродромската служба веднаш ќе ве избрка), ТАВ наплаќа по 1000 денари за 8-24 часа, а за 5 до 7 дена, цената за да го оставите вашиот автомобил е 4500,00 денари, плус уште по 400,00 денари за секој нареден ден. Вкупната сума што ќе треба да ја одвоите за да го оставите автомобилот на 11 дена на паркингот на ТАВ е 6100,00 денари, или  околу 99 евра. Не е тешко математички прецизно да се пресмата разликата во цена, односно заштедата која ќе ја имате, само на паркирањето.

Ако на ова ја додадеме и раликата во цената ( која очигледно не можат да ја „испеглаат“ субвенциите на Николовски), која само за пример на еден лет, од двата аеродроми до Барцелона, за едно семејство изнесува 136 евра.

Цените варираат во зависност од временскиот период кога се букираат. Истите се букирани на почеток на годината.

Доколку некој го спомне патот, технички, проблемот е само делот од Скопје до косовската граница, кој е цел со дупки, недовршени делници и недоизградени клучки и кружни текови, од косовската граница до тирана е нов автопат, со тунел во Албанија долг 5 километри. Финансиски, ќе потрошите нафта за околу 2500,00 денари (41 евро) и 13,4 евра за патарина.

Сума сумарум, според цената на летот одбран како пример, а слично е и со другите летови кои ги има и од Скопје , доколку летате од тиранскиот, а не од скопскиот аеродром, ќе заштедите 148 евра.

За дупло поголемиот број летови што ги има Тирана, а ги нема тука, оваа математика не важи. На пример, за лет од Тирана до Валенсиа, повратни карти за четиричлено семејство купени во јануари, чинат само 270 евра (67,5 евра по лице).

Затоа, ајде да летаме…од аеродромот во Тирана.

П. С. Всушност, можеби под развојот на авиосообраќајот во државава Николовски ја смета партизацијата на М-Нав, каде неодамна, на спорен оглас се примени: Атанас Стамнов – сопругот на директорката на Централен регистар на Македонија Анита Стамнова, потпретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Филип Ѓорѓиев, како и Ивана Југ – сопруга на починатиот Игор Југ, еден од осудените за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017


Текстот е личен став на Авторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Помогнете му на Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил скопскиот аеродром: 3 – 3 = 0

Уште една „статива“ на Николовски: Визер ја укинува авиолинијата Скопје – Будимпешта

Tags: WizzAirавиосообраќајАеродром СкопјеАеродром ТиранаАлександар Николовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ