• Latest

#AкоЈасСеПрашувам

December 14, 2017
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

#AкоЈасСеПрашувам

December 14, 2017 12:50
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, имплементира кампања за подигање на свеста на тема „Поттикнување на граѓанското учество преку серија регионални дебати и форуми“. Целта на оваа кампања е иницирање на граѓанска вклученост и учество во сите животни текови кои имаат цел подобрување на квалитетот на животот на локално ниво.

На денешната прес-конференција Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја промовираше  кампањата чија цел е поттикнување на граѓаните, јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава.

„Учеството на граѓаните во политичките и социјалните сфери на општествено делување е еден од клучните елементи на функционалната демократија и демократското владеење. Нивото на граѓанско учество и ангажирање во активностите кои се политички и општествено важни е на многу ниско ниво“ се вели во соопштението на Мисијата на ОМСЕ, водејќи се според анкетите спроведени од ИРИ во 2015 година.

Анкетите какожуваат дека 51% од граѓаните воопшто не се мотивирани (покрај 17%, кои не се доволно мотивирани) да учествуваат во било која форма на политички и општествени активности за решавање на конкретен проблем или за влијание врз одлуките на политичарите.

Според резултатите од анкетите, граѓаните во земјава дека не веруваат дека нешто може да се промени, или пак се рамнодушни кон политичкото учество.

„Овие наоди покажуваат дека свеста на граѓаните, како и нивната мотивација, е многу ниска кога станува збор за било каков социјален и / или политички ангажман. Бидејќи ова е прашање на перцепција, мотивација и верувања, наместо институционален проблем, кампањата за подигање на јавната свест на национално ниво може значително да го подобри овој аспект како важен принцип на добро владеење“стои во соопштението.

Во рамките на кампањата под слоганот #АкоЈасСеПрашувам се организираат шест локални дебати и еден регионален форум за граѓанско учество.

Локални дебати се организраат во Велес, Штип, Струмица, Тетово, Охрид и Куманово и регионален форум во Битола. Покрај дебатите и форумот за потребите на кампањата развиен и подготвен е и сет на промотивни материјали, ТВ реклами, флаери, постери, објави на социјалните медиуми, маици, и награден конкурс за иновативни идеи на тема Граѓанска вклученост. На трите најкреативни идеи ќе им бидат доделени таблети како награда. Кампањата се реализира во периодот од 11 до 22 декември.

Б.Ј.

Tags: #АкоЈасСеПрашувамграѓанска вклученосткампањаОБСЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ