„Цената е висока, не само за Европа, туку за целиот евроатлантски простор, но и за понатамошниот меѓународен поредок за наредните генерации. Затоа е многу битно Украина да победи. Затоа е многу битно Украина да биде поддржана сега и тоа е тоа што Романија го прави заедно со своите соработници и партнери, вклучувајќи ја и Северна Македонија и ќе продолжи да го одработува својот дел, обезбедувајќи константна и повеќе-системска помош за Украина. Ќе и помогнеме да си ја обезбеди својата независност во рамките на границите кои што се меѓународно признати.
Цитат од говорот на Амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“.